Владата донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија

Владата одобри барањата на 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари, а донесени се и  уредбите за поддршка на учениците и студентите за дигитални вештини, за сместување и за студирање, и за училишен прибор.

Владата на денешната 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Владата денеска ја усвои информацијата на Развојната банка за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, и ја задолжи банката да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат критериумите во Јавниот повик бр.1, наведени во доставените Список бр.3 и Список бр.4, односно со 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари.

Во врска со овие информации на Развојната банка, Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.

На оваа седница Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта за време на вонредна состојба, со кои, по претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари.

На денешната седница Владата ја разгледа информацијата и ја утврди потребата од проверка на веродостојноста на дадените податоци до Генералниот секретаријат на Владата, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, согласно која криптираните податоци содржани во Листите на корисници на финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила, се доставуваат на чување во Државниот архив, врз основа на Записник за секое примопредавање на податоците подготвен од страна на тричлена комисија која ја формира Генералниот секретар на Владата, од редот на вработените административни службеници во Генералниот секретаријат на Владата.

Уредбата определува дека за веродостојноста на податоците содржани во Листите на корисници на финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила, одговорни се институциите кои ги доставиле.

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, со кои со оваа уредба сега се опфатени и естрадните работници, како и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал за 2020 година.

Во врска со оваа уредба, Владата денеска донесе измени и дополнување на одлуката за начинот на исплата на средства од сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД – 19, во која се додадени естрадните уметници и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал (дотур на модулации) за 2020 година.

Владата на оваа седница донесе Уредба со законска сила за начин на наплата на надоместоците од страна на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија од радиодифузерите кои вршат радио емитување за време на вонредна состојба, со која, заради економските последици од корона кризата на радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) Јавното претпријатие Македонска радиодифузија нема да им ги наплаќа трошоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и трошоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, определени со Ценовникот на услуги на јавното претпријатие.

Радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба ги платиле надоместоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и надоместоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, ќе се смета дека извршиле плаќање на надоместоците за 2021 година, согласно Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.

На денешната седница Владата ја донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени на 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.647.474 денари.

Владата ја разгледа и усвои Информација за реализација на мерката 1.3 од Третиот сет економски мерки за ревитализирање и рестарт на економијата во услови на КОВИД-19, и даде согласност за ваучери за средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи во максимален износ до 3.000 денари да се искористат за купување на училишен прибор, и за оваа намена донесе Уредба со законска сила за доделување на средства на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Денеска е донесена и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издаден од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од Буџетот преку Програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, во вкупен износ од 150.000.000,00 денари.

На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти запишани за прв пат на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во Македонија, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од буџетот, а се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Студентите опфатени со оваа уредба можат да искористи само една од партиципациите за трошоците за студирање за студентите која е еднократна и изнесува до 6.000 денари, еднократната партиципација на трошоците за сместување во студентски дом до 6.000 денари, или партиципацијата на трошоците за приватно сместување за студентите од член, која исто така е еднократна и изнесува до 6.000 денари.

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Белгиски суд го закажа првото сослушување за случајот „Фајзергејт“

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за 17 мај закажа рочиште во чии рамки ќе се одржи сослушување по кое ќе треба да одлучи дали истрагата за сомнежите за неправилности околу набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“ од страна на ЕУ е во надлежност на Јавното обвинителството на Белгија или на Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за случај, кој во медиумите беше наречен „Фајзергејт“, со кој се поврзува актуелната претседателка на Европската комисија и главна фаворитка за реизбор на функцијата Урсула фон дер Лајен.

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Врз основа на овие наводи, белгискиот активист и лобист специјализиран за трговски односи Фредерик Балдан лани во април поднесе тужба против Фон дер Лајен пред Судот во Лиеж обвинувајќи ја за „злоупотреба на функцијата и звањето“, „уништување на јавни документи“ и „незаконско богатење и корупција“. Дополнително кон тужбата се приклучија и десетина организации и поединци, но и две земји членки на ЕУ - Унгарија и Полска, кои во тоа време беа во спор со Фон дер Лајен, поради одлуката на Европската комисија да ја замрзне исплатата на средства од еврофондовите за нив.

Истрагата веднаш ја презеде Европското јавно обвинителство со образложение дека во негова надлежност се „нанесувањето штета на буџетот на ЕУ, случаи од наднационална природа, како и процеси кои веројатно ќе влијаат на угледот на институциите на ЕУ и довербата на граѓаните“.

Но, од друга страна се појави и спротивно мислење на белгиски истражен судија кој смета дека случајот треба да остане во надлежност на Јавното обвинителство на Белгија и иницираше паралелна истрага по наводите на национално ниво.

Согласно правилата на ЕУ, во случај на судски спор на институција на Унијата со земја членка „за одредување на јурисдикцијата треба да одлучат надлежните национални органи“.

Тоа во конкретниот случај значи дека Судот во Лиеж ќе треба да одлучи во чија надлежност ќе биде истрагата во понатамошната постапка на ЕППО или белгиското Јавно обвинителство. Се очекува на сослушувањето двете страни да изнесат аргументира која од нив треба да биде надлежна за истрагата. По ова, Судот ќе треба да оцени која од двете истраги е законска и треба да продолжи, а која треба да биде прекината.

Инаку ова не е прва правна постапка поврзана со т.н. скандал „Фајзергеј“. Истрага спроведе и Омбудсманот на ЕУ, кој во јуни 2022 година оцени дека станува збор за случај на „лошо администрирање“, додека „Њујорк Тајмс“ во февруари годинава покрена процес пред Судот на правдата на ЕУ.

Сослушувањето во Судот во Лиеж доаѓа на 20-тина дена пред изборите за членови на Европскиот парламент, на кои Фон дер Лајен е т.н. „шпиценкандидат“ на Европската народна партија (ЕПП), односно кандидат за втор мандат на чело на Еврокомисијата. /МИА

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

притисни ентер