МакедонијаВладата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелотВладата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Владата континуирано ја следи состојбата, врши дневни анализи на движењата и останува целосно посветена на преземање навремени и активни мерки со кои ќе се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството. Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар. Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на горивата, при што ефектите од владината мерка ќе придонесат граѓаните и понатаму да плаќаат пониски цени отколку што би биле без оваа интервенција. Приоритет на Владата останува заштитата на стандардот на граѓаните, зачувувањето на економската стабилност и навременото реагирање во услови на нестабилности на меѓународните пазари. И во наредниот период внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и стопанството, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЗајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно?„До кога ќе се молиме Господ да нѐ чува затоа што институциите очигледно не нѐ чуваат?! “„До кога ќе се молиме Господ да нѐ чува затоа што институциите очигледно не нѐ чуваат?! Пред една година јавно предупредував за безбедноста на жичницата на Водно и прашував дали треба да се случи трагедија за некој конечно да преземе одговорност. После една година жичницата е сѐ уште затворена“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова. „Денес на Водно се запали двокатен автобус на ЈСП. За среќа, нема жртви. А што ако имаше луѓе внатре?! Ќе беше ли тоа уште една „трагедија“, уште еден ден на жалост, уште едно „ќе ги испитаме причините“ – и повторно никој виновен“, вели претседателката на ЛДП во објавата. Зајкова дополнително прашува кој ги проверува автобусите со кои секој ден се превезуваат илјадници граѓани? Кога последно се сервисирани и на кој начин? Кој гарантира дека се технички исправни? Кој потпишува дека се безбедни? „Или веќе сѐ во ова општество сме оставиле на Господ да нѐ чува?! Не можеме повеќе да живееме од една среќна околност до друга. Денес возачот реагирал навреме и спречил поголема катастрофа. Утре можеби нема да имаме толку среќа. Кородираме во секое поле – институции, инфраструктура, јавен превоз, одговорност 0“, децидна е претседателката на ЛДП, Зајкова и додава дека безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, а одговорноста не се бара само откако ќе се изгуби човечки живот!, објави на ФБ Моника Зајкова од ЛДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГерманија на нозе- Србин изведе филмско бегство од затвор, станува збор за опасен крадец Германската полиција бара Србин кој извел бегство од затвор како од филм!35-годишен маж извел бегство во холивудски стил од затвор во Дуизбург-Хамборн рано утрово, објави Министерството за правда на Северна Рајна-Вестфалија, пренесе Телеграф. Србинот наводно ги отстранил решетките од прозорецот на својата ќелија. Според портпаролот на министерството, можеби ги исекол со пила. Како ги набавил алатките е непознато. Потоа Саша Д. се провлекол низ многу тесен отвор, се искачил на фасадата и го совладал чуварот на работ на покривот. На крајот избегал на слобода преку покривот на затворот во Дуизбург, Северна Рајна-Вестфалија. Бегалецот е сериски крадец Министерот за правда на Северна Рајна-Вестфалија, Бенџамин Лимбах, изјави дека „денешното бегство е апсолутно неприфатливо“ и дека главен приоритет сега е брзо апсење на избеганиот притвореник. Инцидентот треба детално да се истражи. Експерт за безбедност од министерството спроведува истрага на лице место. „Детално ќе утврдиме како можело да се случи ова безбедносно пропустување, за да можеме веднаш да ги преземеме потребните мерки врз основа на резултатите“, рече Линбах. Затвореникот е во притвор од 10 февруари под сомнение за кражба и се смета за таканаречен „патувачки престапник“. Станува збор за криминалци без постојан престој во Германија кои доаѓаат во земјата само за да извршат кривични дела. Ваквите групи најчесто извршуваат серија кражби на станови или кражби на автомобили. Бегалецот е познат на полицијата, а според информациите од БИЛД, тој бил осуден на шест години затвор на 20 мај 2026 година за две кражби на станови во Оберхаузен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПатнички брод со над 250 туристи се преврте во близина на Кипар (ВИДЕО)Патнички брод на компанијата „Фило Џет“, кој превезувал повеќе од 250 патници, се превртел кратко по отпловувањето од пристаништето Гирне (Киренија) во северен Кипар, објавија локалните и турските медиуми.Министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, изјави дека на фериботот имало вкупно 267 лица - 259 патници и осум членови на екипажот. Градоначалникот на Киренија Гирне, историски пристанишен град кој се наоѓа на северниот брег на островот Кипар, Мурат Сенкул, за CNN Turk изјави дека се спасени 159 патници. Бродот го напуштил пристаништето Гирне околу 12:30 часот по локално време кон турското пристаниште Ташуч во јужната покраина Мерсин, но кратко по напуштањето на пристаништето, од причини кои сè уште не се утврдени, одеднаш се нашол во вода само два до три километри од брегот. YÜZLERCE YOLCU TERS DÖNEN GEMİNİN ÜZERİNDE KURTARILMAYI BEKLİYOR! Girne Limanı'ndan çıkış yaptıktan kısa süre sonra 2-3 km açıkta alabora olan 250'den fazla kişinin bulunduğu Filo Jet'e ait Express Yolcu Gemisi'ndeki yolcular ters dönen geminin üzerinde kurtarılmayı bekliyor!… pic.twitter.com/IwYiaQs3pY — Özgür Gazete Kıbrıs (@CyprusNewspaper) August 30, 2026 Дел од патниците скокнале во морето, другиот дел чека спасување на превртениот труп Откако бродот почнал да тоне, капетанот упатил повик за помош, а очевидци наведуваат дека некои патници скокнале директно во морето во паника. Голем дел од жртвите успеале да се искачат на превртениот труп на бродот каде што чекале да пристигнат спасувачите. 🚨 BREAKING: Passenger ferry sinking off the coast of Northern Cyprus There are 279 people on board. Turkish media report that some passengers have been injured. People are awaiting rescue on the overturned ferry, which was heading to the Turkish port of Taşucu 🇹🇷 Coast guard… pic.twitter.com/XwgpXiga9q — NEXTA (@nexta_tv) August 30, 2026 На местото на несреќата е во тек обемна спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни бродови и локални рибарски бродови кои веднаш дошле на помош. Голем број амбулантни возила се во готовност на брегот за да им пружат медицинска помош на жртвите штом ќе бидат префрлени на копно. Турските медиуми јавуваат дека има повредени патници, но властите сè уште не ја потврдиле точната бројка на жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook