Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
1Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
МакедонијаВладата целосно го напушти европскиот пат, досега најлоша оценка во Извештајот на ЕП, вели ФилипчеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно го има напуштено европскиот пат, а оценката за земјава во новиот извештај на Европскиот парламент е најлоша во последната деценија.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно го има напуштено европскиот пат, а оценката за земјава во новиот извештај на Европскиот парламент е најлоша во последната деценија. – Смета лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Според него наместо да стави фокус на европските интеграции, Владата ја ставила државата во геополитичка изолација и економска зависност од други земји како Кина и Русија.. Дополнително, Филипче смета дека барањето на Бугарија за „современ“ македонски јазик и идентитет доаѓа како резултат на провокации на Владата, за што упати апел до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да лобираат да остане неутралната дефиниција. - Покрај опасното задолжување со директни заеми, политиките се водат под диктат на други земји кои имаат преголемо влијание врз оваа влада, а сега тоа се повеќе се гледа и се потврдува. Во извештајот јасно стои дека Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики – особено со потекло од Русија и од Кина. Филипче вели и дека Владата не успеала да ги исполни роковите од европската агенда, а 43 милиони евра од Планот за раст останале неискоритени. Во однос на идејата на премиерот Мицкоски за вонреден електронски попис под услов на една изборна единица, Филипче вели дека во моментов постојат сериозни предизвици за тоа да биде изведено. - Многу луѓе имаат лични карти кои што се водат на друга адреса, имаат повеќе имот, станови, куќи и голем е тој процент над 25-6% се тие луѓе, што значи дека првиот предизвик е дека нема да има вистинска мапа на населението. Ја нема националноста во ниту една електорнска база и кога се вркстуваат податоците со базите на ФЗОМ, ПИОМ, УЈП со цел да тие податоци се проверат од направениот попис, како што во наше време за време на пописот се вкрстени податоците од 6 електронски бази за да се провери каде е работното место, име презиме итн ја нема графата за националност. Тие две работи сметам дека се сериозен предизвик за тоа да се прави или не електронски попис. Филипче најави дека во текот на месец јули СДСМ ќе го објави името на својот кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Оваа недела по состанок на Извшниот одбор на партијата пак, најави дека ќе бидат објавени останатите 20 кандидати за градоначалници. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЕлмас: Тешко е да се збори, заслужено победи ШкотскаМакедонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок. -Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас -Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски. Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност. Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба. „Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП). За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки: - Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена. - Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања. - Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите. - Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија. - Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства. „Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов. На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат. „Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава. ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter