Влада: Тарифите нема да имаат голем импакт врз нашата економија - Канал 5

Влада: Тарифите нема да имаат голем импакт врз нашата економија

Македонската влада не е изненадена од одлуката на администрацијата на Трамп, но уверуваат дека имаат подготвен план за надминување на ситуацијата... 

Влада: Тарифите нема да имаат голем импакт врз нашата економија

Владини тимови изминатиов период ги анализирале можните последици и проценктие на владата се дека новите царински трошоци нема да имаат голем имПакт врз нашата економија. Од Владата додаваат дека нема простор за паника и избразни заклучоци, појаснуваат станувало збор за нешто што новата администрација долго го најавувала и дека не еодмината ниту една земја дури и најстарите и најтрадиционални парнтери на САД.

Сепак, дел од економистие предупредуваат дека постои сериозна опасност од намалување на трговската размена меѓу двете земји. Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски за Канал 5 вели новите царини негативно ќе влијаат на економската активност на земјава, а како најпогодени ќе бидат компаниите од авотмобислката индустрија.

„Ќе има негативне ефект секако и врз БДП, врз она што се случува во слободните економски зони со оглед на тоа што најголем дел од компанииите кои што работат таму се во сегментот на автомобилската индфустрија и директно преку овие царини меѓутоа и преку оние тарифи кои што беа воведени на ЕУ ќе влијаат негативно на еконосмакта активност .... “-изјави Кирил Миноски – поранешен мин за финансии.

Според Миноски во периодот кој следи земајва треба внимателно да ги анализира случувањата и да се најдат соодветни решенија преку креирање на соодветни економски решенија.

„Со оглед на тоа што сме земја кандидат и нашите политики се усогласени со оние кои ги има ЕУ првенстевнено треба да се консултираме со нив, да се изанализира внимателно имактот и да видиме ние понатаму што како држава можеме да го превземеме од аспект на заштита на работните места од аспект на поттикнување на економската активност да се види што може да се направи кој мерки да се превземат во овие секотри кои ќе бидат најмногу погодени. “-изјави Кирил Миноски – поранешен мин за финансии.

Според податоцотие на статистика, во 2024 година извозот на македонски производи во САД изнасувал речиси 110 милиони евра, додека увозот 180, што значи дека земјава имала околу 70 милиони евра дефицит во трговската размена.. Најмногу или приближно од 35 до 40 % од земјава се извезувале електрични машини и опрема, на второ место е извозот на текстил и облека или 20 до 25 % од вкупниот извоз, а 15 или нешто помалку од 15 % бил извозот на метали, тутун, храна, хемиски производи.

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Попладнево околу 15:15 часот на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. 

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Како што информираат за МИА од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешата Општа болница.

Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“.

„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно - ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun).

„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди

Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) - „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The Immortal Man), раскажува за времето на Втората светска војна. А пак, наводите говорат дека најновата приказна ќе се одвива во 1950-тите, и според гласините, се очекува по објавувањето на филмот.

YouTube video

„Шестата сезона требаше да биде последна, а филмот требаше да ја заокружи приказната“, изјави неименуван извор од телевизиската мрежа за „Сан“.

Изворната серија „Пики блајндерс“ го следи семејството Шелби од 1919 година до 1930-тите.

Креаторот на серијата Стивен Најт, се чини, не може да одолее на враќањето на приказната и веќе некое време навестува дека сака таа да продолжи. Ирскиот глумец Килијан Марфи, кој глуми и во новиот филм, би можел да се врати за новата сезона како Томас Шелби, но сега во улога на „таткото во семејството“.

Новите епизоди ќе се прикажуваат на „Би-би-си 1“ во Велика Британија, а меѓународно ќе бидат достапни преку стрим-платформата „Нетфликс“.

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

притисни ентер