Влада: Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности - Канал 5

Влада: Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности

Денеска се одржа вториот дел од Годишната конференција „Година на нови можности“. 

Влада: Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности

На првиот панел посветен на енергетиката, се обрати премиерот Димитар Ковачевски, а беа реализирани вкупно четири панели, на коишто говореа министри, експерти, професори, претставници од невладиниот сектор.

„Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „ Македонија како зелен енергетски хаб - како да се претвори кризата во можност“.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека стратегијата на Владата, како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија, што е најголемо производство во еден ден во изминатите десет години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата, сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

„Со менаџирање, Владата не дозволи да има недостатокот од електрична енергија, а со тоа спречи ценовен шок и за граѓаните и за компаниите. Владата минатата година одвои 760 милиони евра, што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%. Да не беше таа субвенција, цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше пет пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа три пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна премиерот Ковачевски на панелот.

Премиерот посочи дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во неколку насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, поврзување и диверзификација на енергенси за државата, инвестиции во обновливите извори на енергија, пришто минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

Во рамките на првиот панел се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас. Според него, во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ Терминалот Александруполис од страна на АД НЕР, како и за интерконекцискиот вод кон Република Грција, чијашто изградба се очекува и да започне во јуни 2023 година и истата да заврши во 2025 година. Бектеши посочи дека останатите две интерконекции, со Србија и со Косово, се во фаза на изработка на проектна документација, односно физибилити студија и стратешка оценка на влијанието на животна средина.

„Исто така со потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Булгар-транс-газ ЕАД на крајот на минатата година, се овозможи Северна Македонија да може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Успеавме да ги зголемиме сегашниот капацитет на гасоводот со Бугарија, со што се ослободија дополнителни капацитети за користење од повеќе снабдувачи и диверзификација на нашите извори на снабдување, како и користење на сите извори што во моментов се присутни пазарот на природен гас во Република Бугарија. Со овој договор се намалува зависноста од руски гас која што ја имаше земјата“, кажа министерот Бектеши.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW во моментов. А, важно е да се каже дека АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот за течен гас во гасниот терминал во Александруполи, Грција, односно 550 милиони м3 течен гас годишно за период од 15 години.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека оние што ќе градат фотоволтаични централи и оние кои што веќе изградиле е потребно да инсталираат и батерии за складирање на електрична енергија, така ќе можат да ја користат струјата од Сонцето и во текот на ноќта и ја најави новината за употреба на батерии за складирање при градба на фотонапонски централи.

Професорот Антон Чаушевски кажа дека енергетската криза во Европа и кај нас донесе единствена поука дека, само земјите кои имаат поголемо домашно производство можат да се соочат побезболно со сите предизвици од економскиот и стопанскиот живот.

Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р Кочо Анѓушев кажа дека обновливите извори на енергија се иднината во енергетиката, тоа е факт и светски прифатен тренд и правец, односно да се инвестира и во електрани на сонце, и на ветер, на биогас, вода итн.

Во рамките на вториот панел насловен „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, министерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел: членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија.

„Во однос на Бугарија, имаме искрени намери да го вратиме позитивниот тренд на дијалог и соработка, воспоставен минатата година, иако, на краткорочен план, претстојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогрес на билатералните односи. Сепак, остануваме посветени на смирувањето на тензиите и деескалација на вжештената атмосфера, која се огледа и во непропорционалните реакции за еден единствен случај, за кој државата веднаш ги презеде сите потребни мерки за негово расчистување. Важно да не дозволиме провокативни тенденции од двете страни на границата да го киднапираат процесот во насока, што нема да е од интерес за двете држави“, рече Османи, додавајќи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската Повелба, како и со Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот се осврна на позицијата на Македонија во однос на безбедносните предизвици во глобални рамки и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата. „Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е - да. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“, рече министерката Петровска.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека 2022 година за МВР беше успешна година со 2,4 тони запленета дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, со околу 20 тони прекурзори за производство на синтетичка дрога и со рекордни 10,3 тони уништена дрога. Тој потсети дека во 2022 година се сузбиени 15 криминални групи во кои членувале 79 лица, најголемиот број во областа на недозволената трговија со дрога - 12, составени од 51 член, а спречени се вкупно осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин.

„Борбата против трговијата со дрога и оружје, впрочем како и борбата против корупцијата остануваат меѓу врвните приоритети на МВР и во 2023 година. Ако 2021 година ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари, во 2022 година откривме 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари“, рече министерот Спасовски.

Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, проф.др Никола Дујовски истакна дека Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и продолжува да биде фактор на стабилност во регионот.

Претседателот на Евроатлантскиот Совет, Исмет Рамадани порача дека државата со членството во НАТО ја зацврстила својата безбедност и сигурноста на граѓаните.

На третиот панел на тема „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, министерот за финансии, Фатмир Бесими потенцираше дека нивото на јавниот долг се намали во услови на криза и дека тоа е под Мастришкиот критериум (60%). „Управувањето со јавни финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување. Експанзивна фискална политика која беше водена во периодот на пандемијата, преку таргетирана поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и социјална помош за невработените и ранливите категории на граѓани, резултираше со пораст на буџетскиот дефицит на 8,1% од БДП во 2020 година, придонесувајќи за нагло зголемување на јавниот долг на 59,7% од БДП, достигнувајќи рекорден јавен долг од 61% во 2021 година, која со континуирана заложба за фискална консолидација можеме да се пофалиме дека заклучно со 31.12.2022 година се спушти на ниво од 57,1% од БДП“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека ќе се продолжи со напорите за фискална консолидација. „Почнавме реформа за воспоставување современ модерен даночен систем, кој ќе значи праведност, ефикасност, транспарентност и ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации, а сето тоа во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Даночната реформа која како концепт ја воспоставивме не значи зголемување на даноци, туку е во насока на проширување на даночната база и ревидирање на даночните ослободување, а кои создаваат нееднаков третман на даночните обврзници“, истакна министерот Бесими.

На панелот учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која оцени дека - „од исклучителна важност е да се продолжи со прудентна монетарна политика и фискална политика, втемелени на добро таргетирани и временски ограничени мерки насочени кон најранливите сектори за краткорочно ублажување на ефектите, но уште поважно и на капитални инвестиции, кои ќе го зголемат долгорочниот потенцијал за раст и заедно со структурните реформи ќе ја поддржат трансформацијата на економијата“.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека должност на УЈП е да воведе целосна дигитализација на процесите и модернизација на услугите кон даночните обврзници, да се намалат бирократските процедури, а да се зголемува ефективноста и ефикасноста на постапките. „Со тоа, ќе го стегнеме обрачот за неформалната економија, а за формалните бизниси ќе обезбедиме фер пазар и конкуренција“, рече Лукаревска. Таа најави дека за годинава се подготвува процес на издавање, достава и прием на фактура во електронски формат.

Академик Абдулменаф Беџети порача - „фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлациска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите“.

На панелот, се обрати и Глигор Бишев, советник на премиерот потенцираше дека - „фискалната политика ќе го поддржи соборувањето на инфлацијата преку намалување на буџетскиот дефицит, а истовремено преку алоцирањето на значителни средства за инвестиции во инфраструктурата, таа ќе го поддржи растот и конкурентноста на економијата, што. ќе биде оптимален микс кој ќе ги оствари крајните цели на стабилност на цените и позитивен економски раст".

На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ беше констатирано дека преку конкретни мерки е стабилизирано и зголемено домашното производство на храна, а инвестирано е и во проекти за рамномерен развој на планските региони и на општините.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека во 2022 година и во услови на криза, преку конкретни мерки е зголемено домашното производство на храна. За оваа година Николовски најави реформи во системот на субвенционирање во земјоделието. „Новиот модел на субвенционирање е дел од најголемата земјоделска реформа, со која обезбедуваме побрз, поефективен и поефикасен модел за субвенционирање со што ќе го зголемиме домашното производство на храна. Основна субвенција за сите земјоделци која авансно ќе биде исплатена и дополнителна субвенција за оние кои обработуваат значајни култури. Како земја лидер по искористеност на ИПАРД 2 програмата, добивме за 62% зголемен буџет со новата ИПАРД 3 програма, односно 97 милиони евра наменети за модернизација и инвестиции во наредните 7 години“, истакна министерот Николовски.

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов оцени дека владините политики се ориентирани кон граѓаните. „Средствата во Буџетот наменети за рамномерен развој на планските региони и на општините и во услови на криза не беа намалени, напротив, секоја година растат. Во само една година финансиравме 215 проекти. Склучени се договори за финансирање од Буџетот на државата на 150 проекти во општините во сите осум плански региони, седум проекти се финансирани со поддршка на швајцарската Влада, а 58 проекти од ИПА инструментот за прекугранична соработка. Секоја криза е поттик за барање на нови можности, целта е преку реални и конкурентни проекти да ги подобриме услугите и условите за живеење за сите граѓани“, оцени министерот Пенов.

Министерот за дијаспора, Џемаил Чупи истакна дека Владата работи на воспоставување на трајни, институционални врски со дијаспората, како значаен ресурс во промовирање и поттикнување на развојот на државата. „Дадовме нов импулс на имплементацијата на Националната стратегија за соработка со дијаспората. Отвораме канцеларии за соработка во 23 општини. Дополнително, во секоја од овие општини ќе биде направено мапирање на дијаспората којашто може да даде свој придонес во развојот на науката и на економијата“, соопшти министерот Чупи.

Според Ленче Николовска, директорка на “Агротим”, во прилог на руралниот развој е и новиот модел на субвенционирање во земјоделството којшто успешно се применува во земјите членки на ЕУ. „Новиот модел на субвенционирање, преку форсирање на договорното производство, поддршка за младите земјоделци, инсистирање на здружувањето на земјоделските производители, модернизирање, дигитализација, поголема контрола на исплатата, авансна исплата е одговор на сите досегашни критики дека субвенциите не се користат правилно, не ги добиваат вистинските земјоделци и немаат развојна компонента. Со овој модел се поттикнува руралниот развој, којшто е еден од клучните приоритети во процесот на нашето интегрирање во Европската Унија“, оцени Николовска.

Со четвртиот панел се заврши дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, организирана со цел констатирање на резултатите од работата на Владата во изминатата година и на предизвиците и перспективите на општествено-политички план во претстојната 2023 година, се наведува во соопштението од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер