Влада: Не се точни информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста - Канал 5

Влада: Не се точни информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста

Владата денеска преку соопштение реагира на, како што се наведува, неточните информации за набавка на овошје и зеленчук. 

Влада: Не се точни информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста

Таквите дезинформации, како што наведуваат, се со цел да се креира лажна слика и да се манипулира вистината, иако изворот на такви дезинформации е добро запознаен со фактичката состојба.

- Времето на државна „јагма“ како што постоеше за време на минатата власт, заврши. Не е точно дека набавката ја прави Владата, туку редовната набавка ја спроведува Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и е наменета за непречено функционирање на рестораните во сопственост на СОЗР. Оваа набавка се спроведува долги години по истиот принцип, како што е случај и со секој ресторан во државата, кој мора да располага со различни прехранбени продукти, иако некои од нив не секогаш се користат, се вели во владиното соопштение.

Од Владата нагласуваат дека производи како манго, аспарагус и слични специфични намирници никогаш не биле набавени или нарачани од страна на фирмата која ја добила јавната набавка.

- Доколку постои барање од одредена висока меѓународна делегација кое вклучува вакви продукти, само тогаш тие би биле набавени согласно потребите. Важно е да се напомни дека производите што се набавуваат се наплатуваат од крајните корисници. Или за споредба: во периодот од 01.01.2024 до 01.07.2024 година, кога Владата беше предводена од СДСМ, пријавениот промет во рестораните изнесуваше 73.257 MKD. Од 01.07.2024 до 31.12.2024, под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пријавениот промет достигна 1.263.582 MKD. Во 2024 година, јавната набавка за овие продукти заврши со аукциска постапка во износ од 2.625.000 MKD. За споредба, истата набавка во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 2.190.045 MKD, стои во соопштението.

Економските показатели, како што наведуваат, ја потврдуваат намерата на владата да работи одговорно, транспарентно и без непродуктивни трошоци. Напомнуваат дека и цените на услугите и јадењата на СОЗР беа поскапени со цел да нема привилегирани во поглед на користењето на истите услуги.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Од пет случаи на рак еден случај е меланом. Меланомот или рак на кожата е 17 најчест карцином кај населението во светот, се вели во извештајот Институтот за јавно здравје.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Во Македонија од меланом во 2023 година починале 55 луѓе, од 41 маж и 14 жени. Меланомот е почест кај мажите отколку кај жените Иако ризикот од меланом се зголемува со возраста, меланомот е меѓу најчестите видови на рак кај адолесцентите. Дераматовенеролозите велат дека најдобра превентива е самопрегледот на кожата секоја промена на бемка или промена на кожата да се замине на преглед.

Непријател на кожата е сонцето, луѓето треба да се посебно внимателни пред се луѓето со светол тен, обајснува Филиповиќ. Многу често доаѓаат и во рана фаза која е многу значајна за откривање на меланомот.

Експертите велат дека ако продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом на светско ниво ќе се зголеми на 510.000 и на 96.000 смртни случаи до 2040 година.

YouTube video

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес почна со одржување на циклус стручни обуки наменети за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и домашни миленици на граничните премини.

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Активностите се реализираат во соработка со Царинската управа.

Станува збор за контроли кои имаат суштинско значење за здравјето на луѓето и на животните, како и за безбедноста на храната која се движи низ граничните премини, се согласија на денешното отворање директорите на АХВ, Оливер Миланов и на Царинската управа, Бобан Николовски. Тие пред царинските службеници истакнаа дека координацијата е многу важна во зголемување на ефективноста на двете институции.

-Обуките кои ќе ги реализираме во наредниов период се основа за јакнење на капацитетите на теренските служби на двете институции и за градење на систем кој навреме ги препознава ризиците. Со оваа иницијатива го приближуваме нашето работење до европските стандарди и создаваме институционална координација која не се темели само на работа со документи, туку на реална, практична соработка на терен. Прекуграничниот сообраќај на луѓе, животни и производи е во постојан пораст и затоа од исклучителна важност е да имаме силна, стручна и координирана активност која навремено ќе ги препознае и ќе се справува со ризиците – истакна Миланов.

Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски ја поздрави иницијативата за реализација на обуките, потенцирајќи дека директор на Царинската управа се залага за континуирано учење и професионален развој на царинските службеници, како темел за една модерна и ефективна царинска служба. Законите, процедурите и предизвиците постојано се менуваат, при што, додаде тој, обуките треба да бидат приспособени на реални сценарија, се со цел истите да бидат ефикасни.

Со обуките, заклучи Миланов, ќе ги зајакнеме вештините на царинските службеници и ќе ги подобриме процедурите за контрола на ризиците кои произлегуваат од движењето на луѓе, животни и стоки како основа за унапредување на системот кој е транспарентен, ефективен и брз во одговорите, соопштувбаат од АХВ.

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

До Собранието сеуште не е пристигнат предлог за нов гувернер рече денеска собранискиот спикер Африм Гаши на брифингот со новинарите. 

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

Но, како што појасни станува збор за одлука која може веднаш да се изгласа, па оттука доколку пристигне на почетокот на идната недела точката ќе може веднаш да биде ставена на дневен ред, со што би се запазиле роковите.

„Се работи за одлука која може веднаш да се изгласа, значи ако дојде до 20ти – 19ти можеме таа одлука седницата да ја надополниме со таа точка....Се уште немаме најава и предлог. Штом ќе имаме прво ќе бидете известени а потоа ќе пристапиме и кон одлука во пленумот...“- изјави Африм Гаши – претседател на Собарние.

Имиња официјално и натаму не се откриваат но во јавноста за иден гуверен се споменуваат актуеланата Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, неговиот претходник и актуелен претседател на Советот на град Скопје Трајко Славески, понарешанта вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, и универзитетскиот професор Борче Треновски. На што денеска преку соопштение реагираа од опозициската ДУИ. Велат во потесниот круг каде се четвроица кандидати, нема ниту еден Албанец, што според нив, не го одразувало мултиетничкиот карактер на државата.

„Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.“ , се вели во партиското соопштение.

7 годишниот мандат на актуелната истекува на 22 ти мај, според најавите за нов гувернер ќе се гласа во вторник идната недела. Вчера премиерот Мицкоски рече дека сите кандидати кои се разгледуваат се вонсериски искусни и дека е убеден дека кој и да седне на столчето во НБРМ ќе ја оддржи макроекономската стабилност.

Во случај да не се запазат роковите, од Народната банка велат, согласно законот, гувернерот и по истекот на мандатот до именување на нов ги има истите овластувања, па оттука нема простор за загриженост дека би се довела во прашање работењето на институцијата.

YouTube video

притисни ентер