Влада: Не се согласуваме со изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Реагираме и не се согласуваме со изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дадена за време на Европскиот совет во Брисел., велат од Владата на РМ за Канал 5.

-Во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од страна на клучните политички личности во државата, и превземените обврски согласно Уставот.

Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името "Македонија", како и името "Северна Македонија" во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата.

Нагласуваме дека превземените обврски се двонасочна улица, и воедно треба да се земат во предвид и обврските кои ги има соседна Грција а кои не се исполнети.

Исто така, сакаме да нагласиме дека процесот на европски интеграции продолжува да биде наш важен приоритет. Ние сме уверени дека нашиот напредок и придонес кон регионалната стабилност и безбедност, како и нашата посветеност на реформите, ќе бидат правилно оценети и вреднувани од страна на Европската унија, е став на Владата по изјавата на грчкиот премиер Мицотакис во Брисел.

Дејан и Венцислав Недеви учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Кавазое

 Д-р Дејан Недев и д-р Венцислав Недев викендов од 28 до 30 јуни учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Масао Кавазое кој се одржа во Тонсберг, Норвешка.

Семинарот беше во организација на Норвешката федерација за традиционално карате која долги години е членка на Европската (ЕТКФ) и светската (ИТКФ) федерација.

Недеви ги интензивираа контактите со Сенсеи Масао Кавазое кој во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е ученик на Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на ИТКФ.

Наскоро се планира Сенсеи Кавазое да одржи семинар и во Македонија.

Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот

Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул денеска ја забрани овогодинешната Парада на гордоста во Истанбул и го затвори центарот на градот.

„Настанот нема да биде одобрен“, соопштија од канцеларијата на гувернерот, без да наведат причина.

„Илегалните групи повикаа на неовластен протестен марш“, се додава во соопштението.

Областа околу централниот плоштад Таксим е затворена за возила, а движењето на пешаците е под контрола. Полицијата претходната вечер веќе постави бариери во центарот на градот.

Активистите повикаа на протести во корист на правата на ЛГБТК лицата.

Владата со години се обидува да го спречи одржувањето на Парадата на гордоста. Минатата година беа приведени голем број лица.

Како што наведуваат локалните медиуми, хомосексуалните односи не се нелегални во Турција, но владините претставници и претседателот Реџеп Таип Ердоган постојано изразуваат отворено непријателство кон ЛГБТК лицата. /МИА

Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори

 Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции.

Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните.

Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал.

Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места.

Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.

На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите. /МИА

притисни ентер