Влада: Македонија ја задржа лидерската позиција во регионот на Дуинг бизнис

Во последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2020'' Република Северна Македонија е рангирана на 17-то место меѓу 190 држави во светот. 

Оваа позиција на листата и понатаму ја прави нашата земја лидер во регионот, и според условите за водење бизнис и е рангирана подобро од Турција (33), Словенија (37), Србија (44), Црна Гора (50), Хрватска (51), Романија (55), Косово (57), Бугарија (61), Грција (79), Албанија (82) и Босна и Херцеговина (90), соопштуваат од владината прес-служба.

Во соопштението додаваат дека од земјите од ЕУ, Северна Македонија е подобро рангирана од 24 земји-членки и тоа: Естонија која е позиционирана на 18-то место, Латвија (19), Финска (20), Германија (22), Ирска (24), Австрија (27), Шпанија (30), Франција (32), Словенија (37), Португалија (39), Полска (40), Чешка (41), Холандија (42), Словачка (45), Белгија (46), Хрватска (51), Унгарија (52), Кипар (54), Романија (55), Италија (58), Бугарија (61), Луксембург (72), Грција (79) и Малта (88).

Од Северна Македонија подобро рангирани се следните земји: Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Хонг Конг (3), Данска (4), Република Кореја (5), САД (6), Грузија (7), Велика Британија (8), Норвешка (9), Шведска (10), Литванија (11), Малезија (12), Маурициус (13), Австралија (14), Тајван (15) и ОАЕ (16).

Ранг листата „Doing Business 2020'' на Светска банка се формира врз основа на вредностите на 10 индикатори како што се Започнувањеа бизнис, Пристап до кредити, Спроведување договори, Заштита на малцинските инвеститори, Добивање градежни дозволи, Пристап до електрична енергија, Регистрирање имот, Плаќање даноци, Прекугранично тргување и Решавање несолвентност.

Истакнуваат дека во ранг листата за 2020 година, кај три индикатори има напредок. Тоа се добивање градежни дозволи, пристап до електрична енергија и спроведување договори, а кај останатите индикатори не се забележани промени при нивното мерење во праксата.

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер