Влада : Македонија и натаму го подобрува рангирањето според „Doing Business“

На 102-рата седница на Владата на Република Македонија е заклучено дека Македонија и натаму го подобрува рангирањето според „Doing Business , а се утврдени стандардни оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе.  

На својата редовна, 102-ра седница Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Целта на предлог–законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот.

Владата денеска ги усвои стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе. Тие уредуваат постапки, процедури и начини на обезбедување, помош и заштита на сите жртви на трговија со луѓе, без разлика дали се домашни или странски државјани со легален или илегален влез во државата, преку сеопфатен приод заснован на човекови права и насочен кон жртвата во форма на институционализирани рамки на соработка. Стандардните оперативни процедури треба да овозможат координирано постапување и партнерство на сите вклучени страни во борбата против трговијата со луѓе на локално, национално и меѓународно ниво, заради заштита на човековите права на жртвите, подобрување на идентификацијата на жртвите на трговија со луѓе, како и да дадат насоки за пружање помош и заштита на жртвите на трговија со луѓе во согласност со нивните човековите права.

Согласно последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019“, којшто беше усвоен на владината седница, Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот. Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење на бизнис. Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање на градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај 6 индикатори, односно: започнување на бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување на договори.

На денешната седница беше усвоена информацијата за преземени активности за развој на работната сила во Република Македонија. Притоа Владата на Република Македонија го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од една седмица да достави барање за номинации на претставници од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фондот за иновации и технолошки развој, Агенцијата за вработување на Република Македонија, министерство за образование и наука стопанските комори и бизнис асоцијации од различни дејности и од меѓународните партнери, (УСАИД, УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, за формирање на работна група за изработка на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, како и за формирање на координативно тело кое ќе биде надлежно за координација и следење на спроведување на кампањата за промоција на професии на младите.

Министрите денеска ја усвоија информацијата за номинирање членови во Советот за јавно приватно партнерство. До министерството за економија, во рок од три дена свои претставници треба да номинираат неколку министерства, односно министерствата за финансии, транспорт и врски, здравство, образование и наука, земјоделство, шумарство и водостопанство, животна средина и просторно планирање, култура, како и кабинетот на заменик–претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Претставници во Советот за јавно приватно партнерство им се препорачува да предложат и Бирото за јавни набавки, ЗЕЛС, Стопанска комора на Северо - Западна Македонија, Стопанска комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.

Владата на 102-рата седница го усвои извештајот за извршени преговори, како и усогласениот текст на Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој. Протоколот, во име на Владата на Република Македонија ќе го потпише министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се наведува во соопштението од Владата.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Во пресрет на конечната одлука дали ќе продолжиме да плаќаме поскапо осигурување за 15 отсто при регистрација на возилата,  Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Групацијата на осигурителните компании и натаму со спротивставени ставов

Од Агенцијата уште еднаш потенцираа дека зголемувањето на цените е неоправдано и оттаму ја охрабрија Владата, преку измени на тарифникот – да ги намали цените на полисите.

Според анализата на Агенцијата, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето. Според супервизорите, со зголемена цена, ќе се создаде комфорна зона во работењето на компаниите, без да се насочат на иновации и подобрување на ефикасноста.

-Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Тоа е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување. – Агенција за супервизија на осигурување

Со спротивен став излегоа од Групацијата на осигуритените компании при Стопанската комора. Тие реагираат дека Комисијата за автомобилска одговорност 15 години не извршила корекција на цените, кои според Националното биро за осигурување, се неодржливи. Велат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување лани претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.

-Јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години имаме раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите за 83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување. – Групација на осигурителни копмании при Стопанска комора

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаат од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото.

Бојмацалиев:Граѓаните да пријават ако имаат какви било закани за нарушување на изборниот процес

Бојмацалиев соопшти дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада, во износ од 36.000 денари. 

Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци се подготвени за изборите на осми мај, а граѓаните доколку имаат какви било закани за нарушување на изборниот процес, да пријават, истакна денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беше во работна посета на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес.

Тие остварија средби со раководствата на одделенијата за внатрешни работи во Неготино и во Кавадарци, во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава.

Од страна на раководството на овие организациски единици, потенцира Бојмацалиев, бил брифиран за постигнатите резултати во изминатите три месеци од оваа година, а ја оцениле и за поволна и безбедносната состојба.

Притоа, тој истакнал дека се подготвени за претседателските и парламентарните избори 2024, во насока на професионално извршување на своите надлежности.

- Им честитам на колегите од СВР Велес за одличната организација и координираност во врска со првиот круг од претседателските избори 2024 година, со уверување дека и во вториот круг од претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на осми мај, ќе продолжат со професионално извршување на полициските работни ангажмани, со цел гарантирање на демократски изборен процес. Уште еднаш македонската полиција да покаже и докаже на дело дека е тука за граѓаните слободно да го искажат својот глас, без притисоци и уцени од кого било подвлече Бојмацалиев.

Во одредени сектори, додаде, според сознанијата на оперативниот штаб на МВР, ќе биде направена реорганизација со зголемено присуство на полицијата, на тие места на денот на изборите.

Бојмацалиев соопшти дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада, во износ од 36.000 денари.

- Секоја година со покачување на минималната плата, се покачуваше и платата во полицијата, годинава не е покачена заради распишаните избори, но во кординациија со Македонскиот полициски синдикат, потпишани се сите документи, кога има законска можност платата на вработените во полиција ќе се покачи за 10 отсто. Со тоа покачување и покачувањата од периодот 2017 до 2023 година од 35 отсто, вкупно покачувањето ќе биде 45 проценти, истакна тој.

Младеновска: Комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач

И покрај опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат здравствените работници кои останаа без потпишани договори за работа доаѓале на работа и се пријавувале во системот за работа, изјави директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Од ДСЗИ рекоа дека ќе донесат решение за забранет пристап на клиниката на поранешните вработени. Доколку не се почитува и ова решение клиниката и двајцата директори ќе бидат казнети. Иако претходните мерки од страна на ДСЗИ не биле потпишани само од економската директорка Иљази.

„Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

И од ДСЗИ потврдија дека комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач, бидејќи таа не разбира Македонски јазик.

„Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик“

Денеска се одржал управен одбор на клиниката каде било речено поранешните вработени до 9 Мај да не доаѓаат во клиниката. Извори од клиниката канал 5 ќе има проемни на клиниката и дека поранешните вработени ќе бидат вработени, а најверојатно досегашниот директор Данил Петровски ќе биде разрешен како што најави и министерот Демири.

притисни ентер