Влада: Целосно спроведени три препораки на ГРЕКО за една година

Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции.

Ова се наведува во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во кој беше наведено дека во Македонија „нема опиплив напредок“ во оваа област и оти само шест од деветнаесет препораки се имплементирани. Телото смета дека резултатите во Македонија се „очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години.

- Владата на Република Македонија ги следи и анализира наодите на сите релевантни меѓународни тела и врз основа на тие наоди презема соодветни чекори. Во однос на препораките од ГРЕКО, Владата е целосно посветена на нивно спроведување, што е видливо преку спроведување на три препораки кои се однесуваат на Владата во период од само една година, за разлика од однесувањето на претходната власт која е причинител на коруптивните состојби и која за период од цели четири години (2013-2016) спровела само три препораки на ниво на сите институции во државата, се наведува во владиното соопштение.

Како заложба во борбата против корупцијата Владата спроведува концепт на отвореност, отчетност и транспарентност, вложувајќи ги сите напори за целосно спроведување на препораките на меѓународните институции, а кои се однесуваат на корупцијата.

- Наследената состојба во 2016, токму според извештајот на ГРЕКО наведува дека од вкупно 19 дадени препораки, Република Македонија задоволително имплементирала само три препораки, десет останале делумно имплементирани, а шест неимплементирани. Со овој извештај, ГРЕКО даде рок до 31 јануари 2018 година да се исполнат преостанатите препораки, а Владата тоа ќе го почитува и ќе го спроведе во целост, се вели во соопштението.

Во врска со последниот извештај на ГРЕКО за усогласеност за Република Македонија - Четврт круг, усвоен на пленарната седница која се одржа во периодот од 18 до 22 јуни, констатирано е дека од 19-те првично дадени препораки, во целост имплементирани се шест препораки, делумно имплементирано осум препораки, а пет не биле имплементирани.

Во делот на препораките кои се однесуваат на Владата на Република Македонија, за една година, имплементирани се три нови препораки, пред се со направените измени во Законот за Судскиот совет и Законот за судовите.

Владата појаснува дека е подготвен е Акциски план за реализација на преостанатите препораки на ГРЕКО од четвртиот круг на евалуација на Република Македонија коишто се однесуваат на сите наведени институции. Од преостанатите 13 препораки кои треба да се имплементираат, само две се за Министерството за правда.

Еден дел од преостанатите препораки ќе се имплементираат со усвојувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата, чија подготовка е во тек, а текстот ќе биде доставен од работната група до Министерство за правда до крајот на август.

Со новиот Закон за јавното обвинителство ќе се исполни уште една препорака што се однесува на дисциплинскиот режим на обвинителите. Текстот за Законот за обвинителство се подготвува од страна на експертска работна група и треба да биде готов до декември 2018.

Останатите препораки треба да бидат реализирани од Собранието на РМ како и од независните тела за борба против корупција.

- Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата е императив за оваа Влада, се додава во соопштението.

Мото ГП: Бањаја победи во Херез

 Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи во трката од Светскиот шампионат во мотоциклизам која денеска се возеше во шпанскиот град Херез елитната класа во Мото ГП.

Втор беше Шпанецот Марк Маркез (Гресини Дукати), а трет Италијанецот Марко Безки (Дукати ВР46),.

Лидерот во генералниот пласман на сезоната, Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) не ја заврши трката, што најдобро го искористи светскиот првак Бањаја.

Во генералниот пласман Мартин сега има 92 бода, 17 повеќе од Бањаја на второто место.

Следната трка се вози на 12 мај во француски Ле Ман.

Древниот дебарски храм заблеска за Цветници, благодарение и на христијаните и на муслиманите

По повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители.

По повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители кои за празникот се тука, но во голем број присуствуваа и жители од други градови на државава.

-Завршувајќи ја душеполезната Велика Четириесетница, благодарение на Свештената Бигорската Обител, пред се на владиката Партениј, заедно го одбележавме празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Животот над смртта. Ме потсетува на некои поодамнешни години, кога тука живевме многу голем број православни. Од срце им благодариме на Свештената бигорска обител и владиката Партениј, вели Јованка Василевска, врз чии плеќи се надвиснати осум децении.

Со Божествената Архиерејска Литургија, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со Бигорските архимандрити, јеромонаси и дебарскиот свештеник Миле Ангеловски.

За сите дебрани, како што самите велат, денешниот ден е голем ден.

-Верувам дека и ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење, а им оддадовме чест и благодарност на богољубивите предци, коишто со голема пожртвуваност ни го оставиле ова велелепно и свето наследство што ете сега го гледаме возбновено и во сиот свој сјај, додава Евангелија Грбиќ од Кичевскиот хор Митрополит Козма Пречистански, кој пак, денеска милозвучно пееше на богослужбата, но изведе и неколку каланди во возобновениот трем на храмот.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е сместена во населбата Варош, во горниот дел на градот изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви.

-Таа е во вистински спомен на духовниот и градителски дострел на нашите предци од тој славен период, имајќи ги предвид и тешките општествени и економски услови и ограничувања. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата ние дебрани го нарекуваме митрополија, вели Душан Казанџиевски претседател на црковниот одбор на дебарската парохија.

Тој денеска од страна на владиката Партениј беше одликуван со орден Претеча заради сите негови заслуги околу историскиот храм.

-Возљубени дебрани, мили браќа, сестри и чеда. Знаете дека минатата година, заедно со малкуте православни дебрани од градот, започнавме да го обновуваме овој свет и славен Храм на Царицата Мајка Богородица. Лани започнавме со нешто малку, но годинава обновивме многу повеќе. Ги реставриравме столбовите, ги променивме распаднатите греди на храмовиот балкон, ја очистивме целата црква и сосема го возобновивме тремот, кој сега е навистина прекрасен. Кога пред два месеца започнавме интензивно да обновуваме и да градиме, доста средства ни пристигаа од нашите Христијани ширум целата наша возљубена Македонија. Во делото, пак, на возобновата најмногу се потруди благочестивиот господинот Душан Казанџиовски од Дебар, чесен и угледен човек од стара дебарска фамилија, еден од малкутемината храбри коишто останаа да живеат тука. Во обновата, исто така многу се потруди и сестра Елисавета од манастирот во Рајчица. Да знаете дека сите што работеа на храмот, секое утро уште пред 5 часот доаѓаа овде, остануваа некогаш и до полноќ, само за да би го завршиле навреме, рече владиката Партениј.

Затоа, додаде, дозволете ми, во оваа свечена прилика, по одлука на советот на старците од Бигорскиот манастир, да го одликуваме нашиот возљубен Душан Казанџиовски со највисокото манастирско одликување – орденот „Претеча“, заради неговите особени трудови, заложби, пожртвуваност и љубов за овој свет и сечесен храм.

- Бездруго, тој неуморно работи и се грижи за Црквата, и да ви исповедам нешто лично – сум го гледал како лее солзи кога црквата пропаѓаше, а го гледам и денес кај повторно плаче, но сега од радост. Овој добар човек го почитуваат сите граѓани од Дебар. Кога и да поминеше низ дебарската чаршија изминатиов период, нашите драги сограѓани, честитите Албанци кои знаат што правиме, му даваа средства, за да ја помогнат обновата на Црквата, па така Душан секојпат се враќаше во храмот со парични даренија. Затоа се молиме и нив Бог да ги благослови. Денеска на Божествената Литургија се помоливме и за сите граѓани на овој град, без разлика на нивната национална припадност, без разлика на нивната вера, оти сите ние сме возљубени деца на Господ, со вдахновеност и радост истакна владиката Партениј.

Благодарност, искажува и сестра Ефимија, до сите дебрани, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

-Тука сме со посебно чувство на заедништво и припадност, на благодарност кон Бога и едни кон други заради ова големо дело што во толку кратко време успеавме да направиме да изгледа вака.

Им се заблагодаруваме на сите Дебрани, без разлика на нивната вера или националност, кои несебично ја даваа својата помош во текот на последните 2 месеци откако започнаа активностите на возобнова на храмот, додава сестра Ефимија.

Вредните дебранки за неколкуте стотина прсутни верници подготвија и богата закуска. /МИА.

Арсовска: Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на избори

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на овие парламентарни избори со нова енергија, нови луѓе и како нова опција ги повикуваме граѓаните кои веруваат дека со борба против корупцијата и криминалот заедно ќе обезбедиме подобра иднина, да гласаат за бројот 9.

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Заедно да обезбедиме правна држава во која ќе нема привилегирани и секој ќе биде еднаков пред законите.

Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас -граѓаните, држава во која ќе владее ред и поредок.

Политичка партија Нова Алтернатива

притисни ентер