3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗабаваВкусовите го откриваат карактерот: Што значи ако сакаш да јадеш луто (или ако избегнуваш)?Колку пати сте виделе некој да јаде лут сос со дополнителни зачини, и тоа како на шега? Од друга страна, веројатно сте виделе и такви, кои, штом во храната има малку повеќе бибер, велат дека не можат да ја јадат затоа што е премногу лута. Па, верувале или не, ваквите преференции кон зачинетата храна не се само прашање на навика или култура - истражувањата покажуваат дека нашиот избор на зачинета храна може да биде одраз на нашата личност. Вкусот како огледало на личноста Според сеопфатна научна анализа објавена во списанието „Appetite 2024“, која вклучува 24 од најрелевантните студии на оваа тема, откриена е силна врска помеѓу основните вкусови и особините на личноста. Луѓето кои сакаат благо често бараат емоционална сигурност, оние кои сакаат горчливо и кисело се поврзуваат со потемни, антисоцијални црти на личноста, додека љубовта кон лутото е знак за барање возбуда, импулсивност и отвореност. Затоа, оние кои сакаат зачинета храна честопати се екстровертни и склони кон интензивни искуства. Токму затоа што не секој човек одреден вкус го доживува на ист начин, на пазарот сè повеќе се ценат производи кои нудат поголем избор на вкусови. Лутата верзија на овие производи е за оние кои бараат адреналинска ужина, благата верзија која ги балансира слаткото, соленото и киселото, е добар избор за оние што играат на сигурно. Дали јадењето луто е нова верзија на екстремен спорт? Истражувачите од Универзитетот Пен Стејт потврдиле дека луѓето кои бараат возбуда и чувствителност како награда често консумираат зачинета храна. Во лабораториски услови, тие користеле раствор од капсаицин (состојката која е главен „виновник“ за чувството на печење во устата), без вкусот на храната, со цел да ги изолираат реакциите на чистата лутина. Резултатот? Некои испитаници всушност уживале во интензивната непријатност. Тие луѓе кои уживаат во лутото и редовно консумираат лута храна, според истражувањето на Универзитетот Масачусетс во Амхерст, подоцна имаат потреба од сè повеќе капсаицин за да го почувствуваат истиот ефект. Овој феномен е сличен на оној во екстремните спортови, т.е. честото консумирање на лута храна функционира речиси како „тренинг“ за издржување на интензивни дразби. Родови разлики Интересно е што истражувањата откриваат и родови разлики во мотивацијата за консумирање луто. Имено, мажите почесто посегнуваат по лути зачини под влијание на надворешните фактори, честопати за да остават добар впечаток, да се истакнат или да прифатат предизвик, што укажува на улогата на општествениот статус. Жените, од друга страна, ја перцепираат лутата храна повеќе како лично искуство, тие се водени од внатрешна мотивација и желба за возбуда. Исто така, една студија објавена во списанието Physiology & Behavior во 2014 година, открива дека мажите со повисоко ниво на тестостерон почесто преферираат луто. Таа поврзаност сугерира дека хормоните како тестостеронот можат да играат улога во обликувањето на прехранбените склоности, особено во однос на особините како што се доминација и преземање ризик - иако, се разбира, тие не се единствениот фактор во сложената приказна. Лутото е повеќе од вкус - за многумина тоа е начин на живот И додека научните истражувања нудат темелни анализи и невропсихолошки објаснувања, интересно е да се погледнат и резултатите од анкетите кои откриваат како луѓето се перципираат себеси преку нивниот избор на храна. Според анкетата на брендот Frank's RedHot од 2023 година, луѓето кои претпочитаат лути сосови често се опишуваат како креативни, самоуверени и авантуристички настроени, при што 76% од нив изјавиле дека сакаат да пробуваат нови работи. Спротивно на тоа, љубителите на поблаги зачини и незачинета храна се сметаат себеси за емпатични, смирени и интровертни. Иако ваквите анкети немаат иста тежина како научните, нивните резултати честопати се совпаѓаат со наодите од посериозни истражувања и можат да послужат како интересен одраз на реалните психолошки разлики меѓу луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook