Вкупното количество коронавуирус,што зарази 53 милиони низ светот,може да го собере во лажичка - Канал 5

Вкупното количество коронавуирус,што зарази 53 милиони низ светот,може да го собере во лажичка

Вкупното количество на патогениот коронавирус што зарази 53 милиони луѓе ширум светот може да се собере во нешто повеќе од една кафена лажичка, пресметал австралискиот математичар Мет Паркер.

Вкупното количество коронавуирус,што зарази 53 милиони низ светот,може да го собере во лажичка

Со други зборови, ако ги собереме сите патогени микроорганизми кои досега заразиле 53 милиони луѓе во светот, би добиле волумен од осум милилитри течност, пишува Дејли Меил, додавајќи дека една кафена лажичка може да собере приближно шест милилитри течност.

Математичарот Паркер направил неколку претпоставки за да дојде до споменатата бројка, но вели дека дури и во најголемата проекција на неговите проценки, целата количина на коронавирус ќе може да се собере во чашка за ракија, што е околу 45 милилитри течност.

„Целиот хаос што се појави во светот ... се сведува на една чашка“, рече тој во својот подкаст што се емитува под наслов „Решен проблем“.

„Честичките на коронавирусот се многу мали, тие се само код што ги уништува здравите клетки“, објаснил Паркер.

Всушност, ковид-19 е милион пати помал од човечката клетка, а Паркер, како соработник на научното шоу на Би-Би-Си, направил проценка на бројот на клетки во секој вирус врз основа на вирусното оптоварување измерено со брисеви, врз основа на истражувањето објавено списанието Lancet.

Користејќи бројка од 300.000 дневни нови случаи на инфекција ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразна 14 дена, тој го пресметал бројот на луѓе кои моментално го носат вирусот.

Кога поножил сè, тој пресметал дека сите заедно во телото имаат 3,3 квадрилиони клетки ковид-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме - повторно народот е „талог“

Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме.

СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме - повторно народот е „талог“

Наместо сонце со осум краци - поставија верзија со дванаесет.

Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам - прво пробаа да го претстават како „уметничка инсталација“.

Потоа повторно се вратија на омилената квалификација: народот и СДСМ се „талог“.

Ова е нивниот стандарден рефлекс.

Кога ќе направат грешка - народот и СДСМ се виновни.

Кога ќе понижат државен симбол - народот е талог.

Кога немаат резултати - народот и СДСМ се проблем.

Неспособни да го направат правилно македонското знаме, а се дрзнуваат да го делегитимираат сопствениот народ.

Тендер патриоти што не знаат како изгледа знамето на сопствената држава, не умеат ни AI билборд да направат без грешки, а имаат бугарски фирми и бугарски пасоши во џебовите - тоа знаат.

Криминални тендери да спроведуваат - тоа знаат.

Ова повеќе не е гаф туку однос.

Однос на власт што се однесува кон граѓаните како кон талог, а кон државните симболи како кон декор за тендер и провизија.

Нема извинување.

Има само нов напад.

И тоа е сè што умеат.

Уште 3 дена до враќањето на Мицкоски со „нови знаења“

Уште три дена до крајот на екскурзијата.

Мицкоски го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на „стручниот“ дел во Брисел.

Официјално учи за францускиот предлог.

Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил.

Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка?

Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт?

По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка - сега доаѓа редот на новото „знаење“.

Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел,

а сосема друго да им продава на граѓаните дома.

Уште три дена.

Потоа извештај.

Ние чекаме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота.

Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините.

Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи.

Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела.

Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение  за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена.

На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат.

Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор.

Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер