Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел - Канал 5

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во Македонија.

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

-Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање, стои во соопштението на МНРиНТ.

[Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со видеото]

Претходно, МНР информира дека согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Воедно, оттаму апелираа до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Македонија во Тел Авив - Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected].

Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].

Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.

-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Две најдобри пријателки од Перт, Австралија, предизвикаа вистински бум во ноќниот живот со организирање на ексклузивни поп-ап настани наменети исклучиво за жени.

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Нивниот проект „The Blackout Room“ веќе стана еден од најбараните настани во градот – без мажи, само за девојки кои сакаат да се забавуваат без притисок.

Адел Казинс (42) и Шејрис Содерберг (37), и двете мајки со полн работен ангажман, успеале да создадат безбеден простор за жените кои сакаат да се забавуваат без непосакувани ситуации, флерт или непријатности.

Настаните се одржуваат во хотелот „Абердин“ и билетите се продаваат по цена од 29 австралиски долари, со бесплатен шот на влез. Иако почнале како малку поинаква идеја, денес настаните се распродадени со над 300 присутни.

– На 42 години, не се чувствував веќе добредојдена во клубовите, а сè уште сакав да танцувам. Само не сакав да се справувам со погрешни погледи или да ме вознемируваат – изјави Адел.

Организаторките велат дека нивната публика најчесто е меѓу 30 и 40 години, но присуствуваат жени од сите возрасти – па дури и млади кои сакаат ова да биде нивно прво клубско искуство.

Иако настаните добиваат позитивни реакции од женската публика, на социјалните мрежи не изостануваат критики од мажи, од кои дел прашуваат „Кој ќе ги купува пијалаците?“. Адел на тоа одговара:

– Сакавме свој простор, и го создадовме. Никого не исклучуваме трајно, ова се само повремени настани. Мажите се слободни да си направат свој клуб.

Жените, пак, во коментарите велат дека конечно имаат простор каде што можат да танцуваат, да се чувствуваат слободно и безбедно.

Настанот се случува во време кога низ Австралија се водат дискусии и правни битки за потребата од женски простори – меѓу кои и уметничката изложба „Ladies Lounge“ во музејот Мона, која по правна постапка мораше да биде отворена и за мажи.

Иако предизвикува дебати, концептот на „женски излегувања“ продолжува да добива поддршка – и од жени, и од мажи кои велат дека на нивните партнерки конечно им е пријатно да излегуваат без грижа, пишуват австралски медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

 Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека ќе остане во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат откако ги загуби прелиминарните избори на демократите од Зохран Мамдани, јавуваат американските медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

Тој, во видео порака, навести дека ќе се соочи со демократскиот кандидат Мамдани, за кого рече дека „нуди паметни слогани, но нема вистински решенија“.

-Борбата за спасување на нашиот град не е завршена, рече Куомо, додавајќи дека „само 13 проценти од жителите на Њујорк гласаа на прелиминарните избори во јуни. Изборите се во ноември и јас ќе се кандидирам за победа“.

Актуелниот градоначалник Ерик Адамс, исто така, ќе се кандидира како независен кандидат, а републиканците како свој кандидат го номинираа Куртис Слива, основачот на грашанските патроли против криминалите на „Ангели чувари“ во 1970-тите, јавуваат американските медиуми.

Ацевски: Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата

Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата бидејќи немаа поднесено финансисики извештаи.

 Ацевски: Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата

Главниот државен ревизор Максим Ацевски утринава изјави дека само 4 партии од вкупно 60 биле блокирани од министертвото за правда и оти не можеле да ги добијат средствата бидејќи немале поднесено финансисики извештаи.

YouTube video

притисни ентер