Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканВјоса Османи:Припадници на Вагнер и помагаат на Србија да подготви потенцијален напад на КосовоПлатеници од руската паравоена група Вагнер, заедно со српски паравоени формации, шверцуваат оружје и неозначени воени униформи во Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи за британски Телеграф.Тајната операција е дизајнирана, тврди Османи во интервју за британскиот весник, за да се постават темелите за потенцијален хибриден напад од Србија на територијата на Косово. Овие наводни подготовки на Србија се одвивале паралелно уште од руската анексија на Крим во 2014 година, кога руски војници во униформи без никакви ознаки, наречени „мали зелени човечиња“, го подготвија патот за отцепување на полуостровот од Москва, пренесува српскиот весник „Данас“. -Тие носат оружје и униформи, но формално не се дел од српската војска. Србија сака да ги постигне своите цели без да ја нарече воена операција, рече Османи. Целта на Србија е „да ја подготви ситуацијата за можна анексија - не преку традиционална воена операција, туку преку хибриден тип на напад“, тврди косовската претседателка. -Ако погледнете што направи Путин во 2014 година, тоа е од истата книга. Прво ги инструментализираше Русите кои живееја таму, потоа правеше секакви лажни операции и потоа ги испрати овие паравоени групи. Има јасни докази дека српските паравоени групи го планирале и организирале ова (со Вагнер). Колку од нив имало на граница или на територијата на Косово е прашање што се уште се истражува, вели таа. -Нивните намери беа очигледно агресивни, тврди Османи. -Тие градат ровови и барикади во воен стил. Од оној тип што би можеле да го користат за да се борат, посочува за „Телеграф“ шефицата на косовската држава. Србија досега неколкупати негираше дека платеници од Вагнер групата имале некаква улога во конфликтот со Косово. Коментирајќи ги тврдењата дека српскиот претседател Александар Вучиќ не би се осмелил да изведе напад каде што е распореден КФОР, Османи вели дека не е толку убедена. -Два или три дена пред инвазијата на Украина, слушнав толку многу светски лидери како велат: „Путин не е толку глупав, нема да го направи тоа“. Така слушаме сега за Вучиќ - „не е толку глупав, нема да го направи тоа“. Фактот дека Кфор е во Косово „не значи дека Вучиќ никогаш не би се обидел. Не велам дека ќе го направат тоа, но секогаш треба да бидеме подготвени да спречиме такво сценарио“, рече таа. -Интересот на Русија е да го искористи Западен Балкан, преку Србија како тројански коњ, за да ги нападне системите засновани на вредности како НАТО и ЕУ, вели Османи. -Колку повеќе безбедносни тензии создаваат, толку се помали нашите шанси да влеземе во ЕУ. Некогаш тоа го прават во Црна Гора, некогаш во Босна и Херцеговина, некогаш во Косово, а проблеми создаваа и во Северна Македонија, истакнува Вјоса Османи. Таа ја обвини Србија дека Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина ги гледа како „привремени земји“ кои Белград сака повторно да ги апсорбира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook