Визија за иднината - Канал 5

Визија за иднината

Германскиот производител ги претставува концептот Opel STX и GSE со високи перформанси на саемот за автомобили во Париз 2026

Визија за иднината

Светска премиера #1: визионерската студија Opel STC Concept ја прикажува еволуцијата на дизајнот на караваните

• Светска премиера #2: болидот за Formula E GEN4, Opel GSE 27FE, со финалната тркачка верзија за Светското првенство

• Премиерно претставување на изложбата: Opel Corsa GSE ја прикажува моќта на целосно електричниот погон во секојдневното возење

• Прво претставување: новата Opel Astra GSE Line овозможува GSE стил со избор на погонски опции

• Млада SUV гама: Grandland Electric AWD, Frontera Electric со продолжен опсег и Mokka GSE ја прикажуваат разновидноста на целосно електричната понуда на Opel

Opel ќе им овозможи на посетителите на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз да ѕирнат во иднината. Поточно, во иднината на технолошки напредните и визуелно впечатливи каравани. Најновиот концепт од Rüsselsheim, визионерскиот Opel Sports Tourer eXperimental Concept, или накратко Opel STX Concept, ќе ја има својата светска премиера во француската престолнина.

Opel од 12 до 18 октомври ќе ја претстави својата целосна гама на високо динамични GSE модели. Кај Opel, GSE е кратенка за „Grand Sport Electric“, а токму овој дух на динамично возачко задоволство и впечатлив дизајн, во комбинација со Deutscher Ingenieurskunst (германска инженерска експертиза), германскиот производител ќе го претстави пред меѓународната публика. Во центарот на вниманието ќе биде новиот Opel GSE 27FE. Б

олидот за Formula E GEN4 за претстојната сезона, со повеќе од 800 КС, го претставува врвот на GSE светот на Opel и за првпат ќе биде изложен во својата финална верзија за Светското првенство. Своето премиерно изложбено претставување ќе го има и новата Opel Corsa GSE, спортски модел за секојдневно возење, кој веќе е достапен за нарачка. Со моќност од 207 kW (281 КС), овој „hot hatch“ забрзува од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel. А за сите оние кои сакаат да го почувствуваат GSE духот, без оглед на тоа кој погон го претпочитаат, наскоро ќе имаат можност да го сторат тоа. Новото ниво на опрема GSE Line ќе биде воведено на пазарот, почнувајќи со Opel Astra GSE Line, кој премиерно ќе биде претставена во Париз.

Гамата GSE дополнително ја заокружува Opel Mokka GSE, кој го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан, Mokka GSE Rally, на патиштата. Заедно со врвниот SUV со погон на сите четири тркала Grandland Electric AWD и достапниот семеен SUV Frontera Electric во верзијата со продолжен досег (Extended Range), тој ја илустрира широката понуда на нови SUV модели со препознатливиот амблем Blitz.

Заедно со потпретседателката за маркетинг Rebecca Reinermann и потпретседателот за дизајн Mark Adams, извршниот директор на Opel Florian Huettl ќе ги претстави овие и други новитети пред меѓународната публика на прес-конференцијата на Opel. Прес-конференцијата ќе се одржи на штандот A42 на Opel, во сала 4, во понеделник, 12 октомври, во 11:40 часот CEST.

Opel STX Concept: визијата за високо емотивниот и технолошки напреден караван за иднината

Opel STX Concept е смела визија за електричниот караван на иднината. Тој ги комбинира германската инженерска експертиза, емотивниот дизајн и интелигентните технологии на начин што на возачот и патниците им овозможува врвно уживање при возењето. Најновиот концепт од Rüsselsheim ја продолжува долгогодишната традиција на Opel како пионер во сегментот на каравани во Европа и јасно се надоврзува на моделите Sports Tourer со амблемот Blitz, како што е најновата генерација на Astra Sports Tourer, со кратенката „ST“. Но, STX Concept е нешто повеќе. Тој го симболизира и следниот еволутивен чекор во дизајнерската филозофија на Opel, уште посмел, поелегантен, поемотивен и поефикасен. Тоа особено се забележува кај уште повпечатливиот Opel Vizor, со светлосни анимации во закривените ламели, како и кај спуштениот заден дел и целокупниот дизајн на површините. Прецизните линии без видливи премини и карактеристичниот технички изглед дополнително го нагласуваат карактерот на возилото.

STX Concept дополнително располага со активен аеродинамички систем кој континуирано се приспособува на ситуацијата при возење. Подвижните елементи на задниот дел го оптимизираат струењето на воздухот, го намалуваат отпорот и ја подобруваат стабилноста. Така, STX Concept не е само изложбен концепт кој претставува револуционерен дизајн со иновативни технолошки решенија. Тој ја најавува и еволуцијата на караванската каросерија и веќе содржи елементи што ќе ги видиме кај идните модели на Opel.

Opel GSE 27FE: Целосно електричен GEN4 болид за Formula E со финалната тркачка верзија

Opel GSE 27FE е GEN4 болидот за Светското првенство во Formula E, во кое Opel ќе се приклучи од претстојната сезона. Тој е олицетворение на мотото на Opel GSE – „Grand Sport Electric“. Болид со високи перформанси има постојан погон на сите четири тркала, моќност од повеќе од 800 КС и моќност на регенеративното сопирање до 700 kW, со што електричниот мотоспорт го подигнува на сосема ново ниво.

И самиот изглед на болидот веднаш ги пренесува неговата брзина и перформанси. Opel Compass е особено истакнат на предниот дел и јасно го идентификува возилото како Opel. Истовремено, GSE 27FE дополнително го истакнува дизајнерскиот јазик на GSE, претставен со Mokka GSE Rally, од робусниот рели-изглед до новиот визуелен израз инспириран од високите технологии и големите брзини на Formula E. На Саемот за автомобили во Париз, Opel GSE 27FE за првпат ќе биде изложен во својата финална тркачка верзија, подготвен за дебито во Светското првенство.

Opel Corsa GSE: спортски модел за секојдневието забрзува од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди

Новата Opel Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, премиерно ќе биде изложена во Париз. Овој „hot hatch“, следејќи ја најдобрата традиција на ваквите модели, се претставува во препознатливиот GSE дизајн и ветува емоции, возбуда и високи перформанси, комбинирани со задоволството од целосно електричното возење.

Верзијата со високи перформанси на најпродаваниот мал автомобил во Германија има сè што би можело да се посака: со спуштена спортска суспензија, 207 kW (281 КС) и 345 Nm вртежен момент, новиот модел овозможува иста електрична моќност како Mokka GSE, добитникот на наградата „Златен управувач за 2025“. Но, Corsa GSE ја покажува својата спотска силуета малку повеќе. Од 0 до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel! На неограничените делници на германските автопати, возачите можат да достигнат брзина од 180 km/h. Перформансите дополнително го нагласува активниот спортски звук, развиен специјално за новата Corsa GSE, кој го следи возачкото искуство во зависност од забрзувањето и брзината. Така, перформансите стануваат видливи, опипливи и чујни за возачот и патниците.

Opel Astra GSE Line: динамичен GSE изглед и избор на погон

Целосно електричните спортски модели за секојдневно возење Mokka GSE и Corsa GSE ги воодушевуваат и медиумите и јавноста со своите перформанси, прецизност и високо динамичен дизајн. Затоа, Opel продолжува со брзо проширување на GSE искуството и кон други модели, а новата Astra е првиот модел што го добива новото ниво на опрема. Најпродаваниот модел во компактната класа, произведен во Rüsselsheim, за првпат ќе биде изложен како Astra GSE Line на „Mondial de l’Auto“.

Со новото ниво на опрема, купувачите ќе можат да го возат својот автомобил во препознатливиот GSE дизајн, без да се откажат од слободата на избор на погон. Новата GSE Line, која ќе биде достапна за нарачка од пролетта 2027 година, и дава на Astra уште поостар и подинамичен изглед, а може да се комбинира со целосно електричен, plug-in хибриден или хибриден погон, како и со конвенционални мотори со внатрешно согорување.

Возбудливо семејство на SUV возила: Mokka GSE, Grandland Electric AWD и Frontera Electric

Opel во француската престолнина ја претставува целосната разновидност на електричните SUV модели со препознатливиот амблем Blitz. Mokka GSE го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан, Mokka GSE Rally, директно на патиштата, овозможувајќи им на купувачите да го почувствуваат сето тоа со истата моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm. Дополнително, тука се и технологиите инспирирани од релито, како и бројните дизајнерски и опремски детали кои будат чиста емоција. Со максимална брзина од 200 km/h, Mokka GSE е најбрзиот целосно електричен сериски модел на Opel досега.

Максималниот комфор и безбедноста при возење, во сите сообраќајни и временски услови, се меѓу главните приоритети кај Grandland Electric AWD. Првиот целосно електричен модел на Opel со погон на сите четири тркала располага со вкупна системска моќност од 239 kW (325 КС) и до 509 Nm вртежен момент. За оптимален контакт со патот и сигурно држење, клучни се подвозјето на Grandland Electric AWD, опремата со адаптивна технологија Frequency Selective Damping, како и индивидуално избирливите режими на возење. Возачите можат да изберат меѓу режимите „Normal“, „Eco“, „Sport“ и „4WD“. Како врвен модел во SUV гамата, Grandland Electric AWD обезбедува извонредна стабилност на патот и уживање во возењето, без разлика дали се вози по снег или се влече приколка за време на одмор.

Frontera. Frontera овозможува особено поволен сооднос меѓу добиеното и вложеното, со иновативни карактеристики како удобните Intelli-Seats, практична станица за паметен телефон и простор за до седум лица. Во верзијата Frontera Electric со продолжен опсег, благодарение на батеријата од 54 kWh (52 kWh употреблив капацитет), моделот овозможува опсег до 400 километри (WLTP) без емисии, меѓу две полнења.

Дополнителни детали за присуството на Opel на „Mondial de l’Auto 2026“ во Париз ќе бидат објавени наскоро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. 

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата.

Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности.

Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото?

Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти.

Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите.

Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година.

Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија

Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија.

И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка.

Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот

Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија.

Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга.

Приказната за натчовечките способности веќе кружи

Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа.

Од каде прогнозите за поединечни години?

Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната.

За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Суд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times.

Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер.

Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија.

На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн.

„Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој.

На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“.

Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR.

Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. 

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“.

Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја.

Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти

Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки.

Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии.

Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените.

Жените со години се борат за правото на сопственото име

Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка.

Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци.

По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер