Виткоф: Британската поддршка против Иран дојде „малку предоцна“ - Канал 5

Виткоф: Британската поддршка против Иран дојде „малку предоцна“

Британската поддршка за воената акција на САД против Иран дојде „малку предоцна“, но односот на премиерот Кир Стармер со Доналд Трамп може да се поправи, според Стив Виткоф, еден од најблиските доверливи луѓе на американскиот претседател.

Виткоф: Британската поддршка против Иран дојде „малку предоцна“

Виткоф, кој беше специјален пратеник на Трамп за Блискиот Исток, ја коментираше ситуацијата по серијата јавни критики што американскиот лидер ги упати кон британскиот премиер за ставот на Обединетото Кралство во врска со американските и израелските напади врз Иран, објавува The Guardian.

Критиката на Трамп кон Стармер

Стармер се обиде да го поправи затегнатиот однос со Трамп по телефон во неделата. Ова се случи откако американскиот претседател објави на социјалните мрежи: „Не ни требаат луѓе што се приклучуваат во војни откако веќе сме ги добиле“.

Објавата дојде неколку дена откако Трамп се пожали дека на Стармер „ѝ требало предолго“ да одобри користење на британските воздухопловни бази од страна на американските сили. Подоцна тој со презир коментираше пред печатот за Стармер: „Тука не си имаме работа со Винстон Черчил“.

Виткоф: Понекогаш недостасува благодарност

И покрај острите зборови на Трамп, Виткоф понуди попомирувачки тон во интервју за GB News. „Тој рече, како што знаете, дека спаѓа во категоријата „премногу доцна и премалку“, но мислам дека тие имаат добар, цврст однос и се надевам дека ќе можат да го поправат“, рече тој.

„Јас се водам според она што го кажува претседателот, а тој постојано вели дека секој има право на свое мислење. Но, мислам дека понекогаш забележуваме како недостасува тоа чувство на благодарност“, додаде Виткоф.

„Мислам дека ставот на претседателот е дека правиме многу за Европа, многу за Обединетото Кралство, во однос на трговијата, одбраната и поддршката што ја даваме на НАТО. И мислам дека понекогаш реципроцитетот, таа реципрочност, малку недостасува. Би запрел тука, во ред?“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас: Се надевам дека многу работи за македонските евроинтеграции се прават зад радарот

Очекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска в

Рокас: Се надевам дека многу работи за македонските евроинтеграции се прават зад радарот

Очекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска во Брисел отворија или затворија пглавја и кластери и да го искористи расположението за пропирување во унијата – рече ЕУ амбасадорот во земјава Михалис Рокас прашан која е неговата порака за Македонија чии почеток на преговори е усовен со носењето на утавните измени....

„ Значи веќе имаме притиснато, згазено на гас. Значи веќе има четири земји со коишто процесот на проширување оди многу брзо. Ние искрено се надеваме дека и Македонија ќе може наскоро може да ги почне пристапните преговори и кога ова ќе се случи целиот моментум ќе се промени и убеден сум дека ќе го зграпчи тој моментум брзо. “- Михалис Рокас – ЕУ амбасадор.

По денешниот исчекор во преговите на Украина, Молдавија, Црна Гора и Алабнија, лидерот на опозцииската СДСМ Венко Филипче повторно упати низа критики до Владата за нејзните политки поврзани со европскиот напредок на државата.

„Вчера имаше средба во Париз по повод националниот ден на Франција и таму на местото каде се собрани сите европски лидери ние сме претставувани од вицепремеирот Беким Сали. Немам забелешка на протоколарниот дел но да не биде присутен на местото каде се сите европски лидери и може да ги искористи за да се бори за државата но избира да не оди таму. Само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори.“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Во однос на исполнувањето на реформаската агенда чии рок истекува утре а изборниот законик и натаму е во ќорсокак – Рокас е оптимист дека и последната реформа може да се донесе во последен момент. Тој рече дека има инфомрација оти координаторите разговараат на дневна основа и дека се надева дека ќе постигнат консензус.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Азир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола.

Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не.

За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер