Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација
2Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаВитаминка донираше флаширана вода за граѓаните на ГостиварКако одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница. „Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка. Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата. Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?Кочанското обвинителство утрово побара судот во Кочани да и определи мерка притвор на Ива Михаилова, еден ден откако таа вчера заедно со својот адвокат побегна во Бугарија. Кочанското обвинителството утрово испратило допис до судот преку кој бара да и се определи притвор на Михаилова. -Надлежниот обвинител до судот утрово достави предлог за определување на мерка притвор за обвинетата. Тоа е она што обвинителството може да го направи во овој момент, иако судот може да постапува по службена должност. - Обвинителство Ова значи дека доколку судот одлучи да и одреди на Михаилова притвор, се отвора можноста МВР да распише меѓународна потерница за Михаилова. Меѓутоа, кочанскиот суд се уште ја нема донесено одлуката. Претседателот на Судот во Кочани, Спиро Борисов, во изјава за Канал 5, вели дека тие официјално од МВР за бегството на Михаилова биле известени утрово, а одлуката по предлогот на обвинителството допрва ќе треба да се носи. -Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани, од каде беше доставен предлогот за определување на мерка притвор. Судот треба сега да одлучи за притворот, работиме со многу мал број на судии, но постапуваме ажурно. – Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани Од МВР иако побаравме и натаму нема одговор како Михаилова и нејзиниот адвокат побегнале, ниту пак дали е во тек внатрешна истрагана МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму. Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.- Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна од по пристигнувањето во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокацијаБугарскиот амбасадор Жељаско Радуков повикан во македонското МНР за случајот Ива Михаилова. По најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата кога вчера избега од Македонија, и најавата од министерто за внатрешни работи дека е можно да и доделат и полцииско обезбедување, по дипломатски пат му укажале на Радуков дека таквиот потег е провокација. -На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. - МНР Радуков по средбата рече дека ја слушнал загриженоста на официјално Скопје, но сепак имаше разбирање за потегот на Михаилова, кој го нарече очајнички. Според него, нормална е и реакцијата на Јотова, иако потенцираше дека досега средба немало. На каков начин поминала граница, Радуков вели дека се уште немаат одговори ниту во Бугарија и се надева дека овој случај нема да наштети на билатералните односи меѓу двете земји. Од МНР соопштија дека како што најавија вчера, за случајот Ива Михаилова министерот Муцунски веќе ги известил европските институции и земјите членки, а во следниот период велат ќе реагираат и до други релевантни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возењеСите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08