МакедонијаВистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја прикриваа вистината за трагедијата во Кочани и правеа сè за да ги заштитат полициските функционери поставени од нив.Наместо итно да се побара одговорност, власта штитеше, молчеше и манипулираше со јавноста. Целта беше јасна – да се спречи вистината, за да се побегне од одговорноста од врвот на власта, до директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски. Само по силен јавен и политички притисок, на СДСМ и дел од медиумите конечно беа отворени постапки против неколку полициски началници. Сега е јасно како ден дека вината е во врвот на МВР, во врвот на власта и за тоа мора да има кривична, правна и политичка одговорност. Директорот на БЈБ, Јанев треба да одговара кривично по закон и хиерархија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка. Без нивно повлекување, секоја истрага е компромитирана, секоја правда е селективна, како и досега. Еве конкретни примери. Главната инспекторка за економски криминал Кристина Јованова да не е опфатена со истрагата. Како е тоа можно? Таа имала надлежност да постапи, а не презела ништо, иако дискотеката „Пулс“ работела нелегално повеќе од една година – без лиценца, со блокирана сметка. Дури и сè уште е на функција. Затоа е заштитена од политички структури на власта и скриена зад ѕидот на молкот и неказнивоста. Штитејќи ја неа, всушност се штити и директорот на БЈБ, кој е директно одговорен за нејзиното (не)постапување. Одиме понатаму. Полицијата имала обврска да го затвори објектот, а не да спроведува контроли кои биле спротивни на процедурите. Не се прави контрола на објект кој нелегално работи тој се затвора. Полицијата исто така имала должност да спречи внес на пиротехнички средства, за што знаеме дека е клучен причинител за пожарот. А кој ги постави сите овие началници, одговорни полицајци, надлежни полициски службеници? Кој им давал наредби? Тошковски и Јанев. Затоа одговорноста мора да почне од нив. СДСМ ќе ја продолжи борбата за вистината. Најавуваме дека следува продолжение, „Вистината за Кочани 2“ – со нова серија факти и аргументи, со нови информации. Јасно прашуваме: Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од Пулс? Правда за Кочани мора да има. За Кочани, за жртвите, за семејствата, за правната држава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на СобраниетоЖестоки реплики и контра реплики на расправата за предлог законот за правична застапеност во Собранието.Опозицијата бара се повлече законското решение, власта и реплицира да не прават политички фолклор. Игор Манасиевски ја следи седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во СкопјеДелумно опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје. Случајот бил пријавен и до МВР од каде велат дека полициски екипи го документирале настанот и работат на негово расчистување. Неофицијално се трага по непознатиот сторител, кој избегал од местото на настанот. - Непознат сторител го полеал едното возило со запалива течност и го запалил. Меѓутоа од првото возило било зафатено и возилото кое било паркирано во непосредна близина на опожареното. И двете возила се со дипломатски регистарски таблички. Опожарените возила за кратко време биле изгаснати од страна на скoпската против-пожарна бригада. Настанот најсостро го осудија и од Влдата и од македонското МНР и го оценија како вандалскиот и недозволив чин. - Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, се наведува владиното соопштение. Рекација и осуда прсистигна и од бугарското МНР. Според нив станувало збор чин на агресија и нов напад врз Бугарија и Бугарите и бараат навремено и праведно расчистување на случајот. - Овој најнов напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите, наведуваат од бугарското МНР. Во пожарот нема повредени лица и не се зафатени објекти во близна на бугасрската амбасада во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБезбедносен форум во Скопје - архитекти на стабилноста: безбедносен идентитет на Западен БалканБезбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе.Безбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе, посочи поранешниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот и премиерот на Романија – Јулијан Чифу, на денешниот Скопски Безбедносен форрум. -Прилично сум сигурен дека директните преговори плус нивото на флексибилност и вклученост на ЕУ можат да и помогнат на Македонија низ ова, под услов Македонија да го исполни својот дел од договорот, видете ја Молдавија на пример или Црна Гора. Прилично сум сигурен дека поддршката од Комисијата ќе ја игра улогата дури и ако станува збор за Бугарија. Да ја видиме новата бугарска влада и нивните пристапи кон регионот и Македонија. - Јулијан Чифу. Македонската армија е досега најголемиот регионален добитник на средства од Европскиот мировен фонд за зајакнување на нејзините воени капацитети, што е дел од пристапот на ЕУ кон регионот наречен стабилизација преку интеграција, посочија од Европската делегација на форумот. Преку Мировниот фонд на ЕУ, ЕУ започна директно финансирање на зајакнувањето на воените капацитети. Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и особено на Македонија имаат корист од таквата помош, за која оваа земја во регионот е главен корисник. Целта беше да се постигнат одредени стандарди и да се постигне подготвеност на армиите за распоредување заедно со земјите-членки во рамките на иницијативите што ги спроведува ЕУ. ЕУ ќе продолжи да соработува и да ги поддржува нашите партнери и сојузници како што е Македонија - сојузник на НАТО денес, а утре земја-членка на ЕУ. - Бен Нупнау, заменик шеф на ЕУ делегација во Македонија. Македонија ќе остане целосно усогласена со стратешките цели на НАТО и ЕУ во Европа и подалеку а членството во ЕУ за државава значи еден од најсилните гаранции за долгорочна безбедност и стабилност изјави министерот за европски –прашања Беким Сали на Безбедносниот форум во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook