Висок е 246 сантиметри, тежи 140 килограми и синоќа ја порази репрезентацијата на БиХ (ВИДЕО) - Канал 5

Висок е 246 сантиметри, тежи 140 килограми и синоќа ја порази репрезентацијата на БиХ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во одбојка на седење е поразена од Иран со 3:0 (26:24, 32:30, 25:12) во финалето на Светското првенство одиграно на Илиџа во Сараево.

Висок е 246 сантиметри, тежи 140 килограми и синоќа ја порази репрезентацијата на БиХ (ВИДЕО)

Ова се двете најдоминантни сили во спортот, кои играа меѓу себе во четири од последните пет финалиња на светските првенства.

Ова е осмо злато за Иран, додека Босна и Херцеговина има три, заедно со три сребра и една бронза. БиХ рекордни десет пати била европски првак. Но, тоа не функционирало против Иранците, а главен виновник за поразот на БиХ е иранскиот гигант Мортеза Мехрзад, најдоминантниот играч во историјата на оваа игра.

Мехрзад има 35 години, а со висина од 246 сантиметри моментално е вториот највисок човек на светот, веднаш зад Султан Косен од Турција (251 см). Тежи околу 140 килограми, а го има најголемото стапало на светот, долго 39 сантиметри.

Како тинејџер му била дијагностицирана акромегалија. Станува збор за хормонално пореметување поради кое неговите екстремитети и лицето брзо растат. Како тинејџер доживеал сообраќајна несреќа во која тешко ја повредил десната нога која повеќе не му расте и е 15 сантиметри пониска од левата.

Тој наведува дека како резултат на сите овие проблеми паднал во длабока депресија, а излезот го нашол токму во овој спорт. Ирански тренер го забележал и го направил еден од најдобрите параолимпијци во историјата на екипните спортови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. 

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела.

„Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB.

Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди.

Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена.

„Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот.

Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна.

Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање.

Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање.

Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија.

Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало.

Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер