Вишеградска група: Македонија секогаш ќе го има нашиот глас и поддршка

Македонија секогаш ќе ја има поддршката на нејзниот пат кон членство во Европската унија и гласовите на четирите земји членки на Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. 

Напредокот што го направи земјата го нотираше и Европската комисија која препорача почеток на преговори за членство. Ние сметаме дека тоа треба да биде награда за напредокот во реформите и се она што Македонија го постигна.

Ова е ставот на земјите членки на Вишеградската група – изнесен на денешното примопредавање на претседателствувањето со оваа група од Словачка на Чешка, која ќе биде претседател од 1 јули.

Чешкиот амбасадор во земјава Мирослав Томан истакна дека земјава може да биде сигурна дека сите земји под Вишеградската група ќе гласаат за, кога ќе треба да се одлучува за датумот, како што ја даде поддршката и на минатиот состанок на Советот на ЕУ иако, како што рече, тогаш датумот не бил на агендата поради техночки проблеми, а не поради чекорите кои се бараат од ЕУ.

-Нашите политичари многу често доаѓаат во земјата со цел да ја покажат својата поддршка која Северна Македонија ја има во процесот обезбедување на почеток на преговорите за членство во ЕУ, рече Томан.

Неговиот колега амбасадорот на Унгарија Лазло Ишван Дукс се согласува со ставот дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори, и повтори дека секогаш ќе ја има поддршката на тој пат.

-Секогаш може да сметате на гласовите на земјите од Вишеградската група, и не само во случајот на Македонија, туку и во однос на целиот процесот на проширување на Унијата. Исто така, се обидуваме да ги убедиме и другите земји членки дека ова е добра идеја, рече Ишван.

Амбасадорите на земјите членки на Вишеградската група сметаат и дека почетокот на преговорите е неопходен заради тоа што, како што велат, реформите што се наоѓаат во оваа фаза можат да се спроведат само низ процесот на пристапување во ЕУ. Во спротивно, посочуваат, тоа ќе биде многу тешко да се направи.

-Веруваме дека во оваа фаза реформните може да напредуваат многу поефикасно во рамки на процесот на претпристапни преговори, без кои реформите во оваа фаза ќе биде релативно тешко да се спроведат, рече словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш.

Според него, владеењето на правото е едно од најважните реформи кои треба да се постигнат и, како што рече, колку повеќе се направи во тој дел толку полесен ќе биде целиот процес на приклучување кон ЕУ.

-Моја препорака е да се фокусира примарно на владеење на правото и тогаш се друг ќе се движи полесно и побрзо во зависност од административниот капацитет на земјата. Ние сме подготвени да помогнеме и како тоа најдобро да го направиме, рече Маркуш додавајќи дека освен политичката, земјава ќе ја има и целосната техничка поддршка во процесот на претпристапните приговори со можност да ги искористи нивните искуства.

На денешното примопредавање на претседателствувањето, беа промовирани основните приоритети на делувањето на Вишеградската група под чешкото претседателство – разумни решенија, усогласување на пристапот , револуционерни технологии, регионална соработка, миграциската политика…

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер