3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураВиртуозниот виолончелист Ласло Фењо во циклусот Лауреати Утре, со почеток во 20:00 часот, во Домот на АРМ, Македонската филхармонија ќе се претстави со последниот концерт од циклусот Лауреати во оваа концертна сезона.Македонската филхармонија ќе настапи под водство на енергичниот и харизматичен бугарски диригент, Мартин Пантелеев, а во улогата на солист ќе се појави еден од најистакнатите унгарски виолончелисти, Ласло Фењо, победник на престижниот меѓународен натпревар за виолончелисти „Пабло Касалс“. Ласло Фењо, кој свири на виолончело изработено од Матео Гофрилер во 1695 година, ќе го отсвири брилијантниот Концертот за виолончело и оркестар од Антонин Дворжак, а под водство на маестро Пантелеев оркестарот ќе ја исполни Фантастичнаta симфонија на Хектор Берлиоз. Оваа симфонија со програмска содржина се смета за едно од ремек делата на романтичниот период и инволвира голем изведувачки апарат, чии интерпретативни можности се искористуваат до максимум за добивање неверојатни асоцијации и слики. Биографии: Унгарскиот виолончелист Ласло Фењо е роден во 1975 година и публиката на светските концертни сцени го запознава по победата на Меѓународниот натпревар „Пабло Касалс“ во Кронберг, Германија. Во последните години, тој настапува на најистакнатите светски концертни сали вклучувајќи ги амстердамскиот Концертгебау, Вигмор хол во Лондон, Гајстаг во Минхен и др. Како солист настапува со симфониските оркестари на Сингапур и на Кореја, Симфонискиот оркестар на Франкфуртското радио, оркестарот „Бетовен“ од Бон, Филхармонискиот оркестар на Дуисбург, камерниот оркестар „Франц Лист“, и остварува многу настапи низ Холандија, САД, Кореја, Русија и Шпанија. Ласло Фењо го започнува образованието во Унгарија и веќе на 13 години се запишува на Академијата „Франц Лист“ во класата на проф. Ласло Мезо. Подоцна го продолжува образованието во класата на проф. Давид Герингас во Либек и во следните години станува добитник на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари, меѓу кои: Меѓународниот музички натпревар во Женева, натпреварот „Ростропович“ во Париз итн. По завршувањето на студиите, тој ги проширува своите музички хоризонти учејќи со Бернард Гринхаус. Ласло Фењо држи мајсторки курсеви низ целиот свет, а исто така предава на Академијата за музика и убави уметности во Франкфурт од 2009 година, а од април 2012 година е професор на Високата школа за музика во Карлсруе. Од 2001 година тој е водач на секцијата виолончела во Симфонискиот оркестар на Франкфуртското радио. Неговата дискографија вклучува камерна музика со пијанистот Олег Пољански, концертите за виолончело и оркестар на Јозеф Хајдн и Дмитри Шостакович заедно со Симфонискиот оркестар на Франкфуртското радио под водство на Грант Левелин и др. Ласло Фењо свири на виолончело изработено од Матео Гофрилер во 1695 година. Бугарскиот виолинист, диригент и композитор Мартин Пантелеев е роден во 1976 година во Софија, во семејство на музичари. Почнува да учи виолина на четиригодишна возраст. Дипломира на Националната aкадемија за музика „Панчо Владигеров“ во класата на проф. Радионов, а подоцна магистрира кај Захар Брон во Хамбург и Ифра Нојман во Мајнц и Лондон. Во исто време, Пантелеев работи и со еминентниот бугарски композитор и диригент Васил Казанџиев во Софија. Во 1999 година станува диригент на „Филхармонија на нациите“ основана од Леонард Бернштајн и Јустус Франц. Со овој оркестар има бројни настапи низ САД, Кина, Русија и Германија. Во август 2001 година, Пантелеев настапува како солист со виолинските концерти на Сибелиус и Брух на фестивалот „Рајнгау“ и МДР музичко лето во Германија, а следната година го основа фестивалот „Денови на камерна музика“ во Барт, Германија. Дебито на Пантелеев во 2004 година како диригент со Софиската филхармонија е високо оценето од страна на критиката и музичката јавност, по што од 2006 година тој е редовен гостин-диригент на овој оркестар, а од сезоната 2011/2012 е назначен за негов шеф-диригент. Мартин Пантелеев соработувал како диригент со Берлинската филхармонија, Камерниот оркестар на „Концертгебау“, симфонискиот оркестар „Шлезвиг-Холштајн“, Холандскиот симфониски оркестар, Украинскиот национален симфониски оркестар и др. На турнеи во САД настапува со Софискиот фестивалски оркестар и со Филхармонискиот оркестар на Кејптаун, кој воедно е и првиот африкански оркестар кој настапил во Америка. Мартин Пантелеев е главен гостин-диригент на овој оркестар. Пантелеев е исто така мошне истакнат композитор и неговите дела се изведувани во Германија, Кина, Јужна Африка, Бугарија и во Македонија. За неговите композиции и концертна активност низ светот, во 2005 година му е доделена специјалната награда на Министерството за култура на Бугарија и Сојузот на бугарски композитори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook