Вирозите ги наполнија болниците, ги испразнија училиштата - Канал 5

Вирозите ги наполнија болниците, ги испразнија училиштата

Расте бројот на пациенти со вирусни и бактериски инфекции кои ги празнат училишните клупи, а ги полнат клиниките и амбулантите. 

Вирозите ги наполнија болниците, ги испразнија училиштата

Од детската клиника Козле велат дека во изминатите две недели имаат и над 100 прегледи дневно, а најчести се пациентите со горнореспираторни инфекции. Дел од родителите за Канал 5 велат дека има паралелки кои се речиси преполовени, но лекарите смируваат дека вирусните и бактериските инфекции секоја година засилено се шират со враќањето на децата од летните одмори во училиштата и градинките, каде најголемиот дел од денот тие се во колективен затворен простор. Д-р Славица Костадинова вели дека присутен е и Ковидот, но станува збор за ретки случаи со симптоми во полесна форма..

-Забележуваме зголемен број на респираторни инфекции како вирусни така и бактериски. Со почетокот на училишната година, крајот на одморите и враќање на малите дечиња во установи за колективен престој се остварува многу поблизок контакт меѓу децата. Секако тука влијае и променливото време во септември нас не служи добро време во тек на денот меѓутоа дневно-ноќните варијации на температури се поголеми. - Д-р Славица Костадинова – детска клиника Козле

Зголемен прилив на пациенти од училишна и предучилишна возраст забележуваат и педијатрите. Д-р Мира Атанасова вели дека најчестите симптоми кај пациентите се зголемена телесна температура, болки во грлото и коските..Нејзината препорака е симптоматска терапија како парацетамол и ибрупрофен, витамини и здрава исхрана.

- Таа акутна фаза и кај нив како што и кај возрасните ќе трае 2 до 3 дена. По тој период децата веќе се поактивни, стануваат од кревет, меѓутоа барем една недела навистина да отсуствуваат од настава. Најважното нешто тоа секој педијатар ќе каже тоа е витаминот Д3. Тој е докажано дека има многу фукции во организмот меѓутоа најважните му се антиинфламаторна и антивирусна фукција. - Д-р Мира Атанасова – педијатар

Д-р Атанасова потсетува дека доаѓаат и постудени денови, а со тоа и сезоната на грип. Таа посочува дека сезонскиот грип е особено ризичен за децата под 5 години и апелира по пример на западно европските земји во редовните вакцини кај децата да биде вклучена и вакцината против сезонски грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список“, рече Филипче.

Тој посочи дека американската администрација добро знае какви политики спроведува Владата на Мицкоски.

„Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски“, истакна Филипче.

На тој начин, нагласи претседателот на СДСМ, не се води држава и не се исполнуваат обврските кон стратешките партнери – Европската Унија и САД.

„Еден од показателите за нарушените односи е тоа што, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче.

YouTube video

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.

На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче.

„Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува.

„Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне“, истакна Филипче.

Дополнителен товар за граѓаните е најавениот нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации.

„Поради промашените проекции и огромната дупка во Буџетот, Владата повторно ја задолжува државата. Новите задолжувања не се користат за развојни проекти што ќе создадат економски раст, туку за покривање тековни трошоци и исплата на плати“, рече претседателот на СДСМ.

Во услови кога работниците и семејствата не можат да врзат крај со крај, Филипче ја повика власта да го поддржи предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра.

„Тоа е најмалку што власта може да го направи за луѓето чиј единствен приход е минималната плата. Истовремено, потребно е да им се помогне на компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето на платите“, порача Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=ly1khMpBrmw

Скопје, 20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше проектил – за кој се претпоставува дека е балистичка ракета – кон Јапонското Море, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица.

Ова последно лансирање на проектил уследи откако Пјонгјанг претходно во септември истрела повеќе балистички ракети кон Јапонското Море.

Јапонската министерка Санае Такаичи им наложи на надлежните владини служби да соберат и анализираат информации во врска со најновиот инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американка криела ДНК-докази во случаи на силување, осудена на 10 години затвор

Поранешната форензичарка од Бирото за истраги на Колорадо (CBI), Ивон „Миси“ Вудс, е осудена на десет години затвор поради манипулирање со податоци од ДНК-анализи во кривични предмети, вклучувајќи случаи на убиство, сексуално насилство и грабеж.

Американка криела ДНК-докази во случаи на силување, осудена на 10 години затвор

Вудс, која работела како форензички аналитичар речиси три децении, во јуни се изјасни за виновна по четири точки од обвинението: компјутерски криминал, лажно сведочење, фалсификување и обид за влијание врз службено лице.

Таа беше осудена на 8 септември од страна на судијата Ендру Поланд во округот Џеферсон, Колорадо.

Откако беа откриени неправилности, CBI ја прегледа работата на Вудс и утврди проблеми во 1.045 кривични предмети. Вудс работела на повеќе од 10.000 предмети за време на нејзиниот 29-годишен ангажман во лабораторијата.

Според обвинителите, таа менувала или изоставувала податоци за ДНК, прескокнувала задолжителни чекори и на други начини манипулирала со лабораториските записи за побрзо да ги обработи предметите.

Како резултат на тоа, во некои случаи, полицијата и обвинителите не добиле целосна слика за тоа што всушност покажале ДНК-анализите.

„Колорадо паблик радио“ (Colorado Public Radio) известува дека повеќе од 400 од предметите на кои работела Вудс се однесувале на сексуални напади.

На рочиштето за изрекување на пресудата, обвинителите опишаа случаи во кои количината на откриена машка ДНК била прикажана како помала или била изоставена од извештаите.

Обвинителот Дарен Кафка на суд наведе десет конкретни случаи за да ги прикаже последиците од постапките на Вудс. Меѓу нив беа случаи на сексуален напад врз четиригодишно девојче во Пуебло и врз 88-годишна жена, како и пријавено силување во Националниот парк „Роки Маунтин“.

Според обвинителството, Вудс пронашла машка ДНК на предметните докази, но не ја пријавила точно во конечните лабораториски наоди.

Пред судот, Вудс им се извинила на жртвите, на нивните семејства и на колегите, признавајќи дека нејзините одлуки можеби довеле до пропуштање на можности за понатамошна истрага.

Укината пресуда за убиство поради нејзината работа. Скандалот веќе доведе до укинување на најмалку една пресуда за убиство.

Скандалот го принуди CBI повторно да анализира големо количество докази и да ги преиспита лабораториските процедури. Колорадо веќе потроши милиони долари за нови тестирања, а адвокатите на одбраната и обвинителите повторно ги отвораат предметите во кои бил вклучен Вудс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер