2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ЗабаваВини Харлоу: Од жртва на потсмев на училиште, до супер - модел!22 годишната убавица Вини Харлоу била мета за потсмев од другите деца на училиште поради нејзиното витилиго, но токму тоа ја издвои од сите други девојки и ја вивна во модната индустрија како манекенка за која се заинтересираа најголемите дизајнерски имиња.Вини неодамна обелодени дека првата шанса ја добила од супер манекенката Тајра Бенкс. - Кога се бараа кандидати за шоуто „America's Next Top Model“ ги замолив моите онлајн фанови да ја тагнат Тајра Бенкс за да ги види моите фотографии, и тие го сторија тоа. Мојата помала сестра ми отвори Фејсбук страна и еден од продуцентите на шоуто ми прати порака дека е заинтересиран за мене - вели Вини. - На почетокто не ми се веруваше но на крајот се појавив во 21-та сезона од шоуто. Откако Tајра ми ја даде таа шанса, почна моето време - вели убавата манекенка. По сите навреди и потсмевања кои ги претрпела како девојче, Вини вели дека не очекувала дека ќе стане миленичка на модната индустрија. - Се чувствувам како инспирација. Би сакала така да гледам на тоа - изјави младата девојка за канадското издание на „Elle“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаМицкоски: Работни средби во Вашингтон.-Работни средби во Вашингтон.Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
КошаркаЕвролигата подготвува нови правила за претстојната сезонаЕдна од промените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут.Раководството на Евролигата официјално ги претстави измените на правилата што значително ќе влијаат врз динамиката на играта и судењето во претстојната сезона. Една од измените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут, кое сега започнува дури откако играчот ќе ги насочи рамената и топката кон кошот во напаѓачката половина. Следствено на тоа, контактот што настанува при нагло повлекување на топката на страна повеќе нема да се третира како прекршок при шут, туку како обичен прекршок, додека секое недозволено навлегување во зоната каде што доскокнува шутерот автоматски ќе се санкционира како флагрантен прекршок. Системот на санкции исто така претрпе значителни измени. Техничките прекршоци сега се поделени на две категории, при што само првиот тип влијае на исклучувањето од игра. Понатаму, претходниот „неспортски прекршок“ е заменет со „прекршок за прекинување на играта“ (за запирање на брз напад) и „флагрантен прекршок“ (за опасен или насилен контакт). Играчот ќе биде испратен во соблекувалната по добивањето на два технички прекршока од прва категорија, два флагрантни прекршока или комбинација од нив. Промените важат и за тренерите, кои ги задржуваат своите два „челенџа“ по натпревар, но сега се должни да користат барем еден пред последните две минути од регуларното време. Дополнително, тренерот се соочува со автоматска дисквалификација ако тој или некој член од клупата стапне на теренот и се меша во контранападот на противникот. Судиите повеќе нема да издаваат претходни опомени на играчите за неспортско однесување или паѓање; наместо тоа, тие веднаш ќе досудат техничка грешка, додека опомените остануваат применливи само за намерни тактики за одложување на играта. Нови правила во врска со физичките пресметки. Конечно, правилата во врска со физичките пресметки на теренот, официјалните протести поднесени до записничката маса и почетокот на периодите се ревидирани, додека посебните правила на Евролигата во врска со ограничената зона и специфичните ситуации со скокање остануваат непроменети.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24