МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
2МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
ТенисВинчи против специјалните поканиИталијанската тенисерка Роберта Винчи е првата противничка на Марија Шарапова која се враќа на терените по 15-месечната суспензија поради користење недозволиви средства.Русинката доби специјална покана да настапи на турнирот во Штутгарт, на што реагираше Винчи. - Не се согласувам со вајлд-картите и тоа е мое мислење. Шарапова е одлична тенисерка. Таа направи грешка и ја плати казната, но не треба да и се дава помош туку сама да се избори за учеството. Знам дека е важна за тенисот, но верувајте дека многу тенисерки ќе се сложат со моето мислење кога станува збор за специјалните покани, изјави Винчини. Винчи и Шарапова својот дуел ќе го имаат утре со почеток во 10 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми. Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно. -Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците. Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“. -Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место.. Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава. -Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и БаницаГолемиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter