Шоу бизВин Дизел објави фотографија со Новак Ѓоковиќ: Честитики за мојот брат Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера на турнирот во сала во Атина, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП - 9-ти) во финалето со 4:6, 6:3, 7:5 .Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера на турнирот во сала во Атина, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП - 9-ти) во финалето со 4:6, 6:3, 7:5 и со тоа, па на 38 години и пет месеци, стана најстариот победник откако е воспоставена АТП листата во 1990 година. Ова е 72-ра титула на српскиот тенисер на тврда подлога, со што го престигна Роџер Федерер (71) и стана најуспешен во Опен ерата на таа ранг-листа и го додаде тој рекорд на многуте што веќе ги поседуваше. Вин Дизел му честиташе На Ѓоковиќ му честитаа многумина по победата во Атина, вклучувајќи го и холивудскиот актер Вин Дизел. Тој објави фотографија со тенисерот кого го нарекува свој „брат“. „Честитки до мојот брат Новак Ѓоковиќ. Големината не се постигнува само така, туку се заработува со дисциплина и се дефинира со срце. Ти ги отелотвори и двете“, напиша Вин Дизел. View this post on Instagram A post shared by Vin Diesel (@vindiesel) Шеги во коментарите Сопругата на Новак, Јелена, исто така се вклучи, оставајќи емотикони од срца, дланки што покажуваат благодарност и српското знаме. Објавата, исто така, инспирираше многумина да се пошегуваат. „Најголемиот успех на Вин Дизел во животот“, „Браво Вин брате“, „Вин Дизел е од Република Српска, ако не се лажам“, „Винко Дизелчиќ и Ноле Ѓоковиќ“, се некои од коментарите.Тагови: Вин Дизел Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано. -Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ. Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев. Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. -Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помоштаНа целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива. Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи. Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook