Вилијамс во третото коло на Вимблдон, Вознијацки поразена од Макарова - Канал 5

Вилијамс во третото коло на Вимблдон, Вознијацки поразена од Макарова

Американската тенисерка Серена Вилијамс со убедлива победа од 2:0 во сетови ја совлада бугарската тенисерка Викторија Томова и се пласираше во третото коло на Вимблдон.

Вилијамс во третото коло на Вимблдон, Вознијацки поразена од Макарова

Седумкратната шампионка на Вимблдон без многу напор за 68 минути игра ја совлада Томова.

Серена првиот сет го доби експресно со 6:1 за 24 минути игра, а во вториот Томова пружи посилен отпор, но сепак го загуби со 6:4 во гемови.Непријатно беше изненадена втората носителка на Вимблдон, Каролине Вознијацки, која беше елиминирана уште во второто коло.

Данската тенисерка во три сетoви беше поразена од Екатерина Макарова од Русија.

Првиот сет го доби Макарова со 6:4, а Вознијацки возврати освојувајќи го вториот сет со убедливи 1:6. Меѓутоа, во решавачкиот сет Макарова беше поуспешна и го освои со 7:5 во гемови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Четири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. 

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс.

Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг.

Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување.

Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините.

Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

 Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер