Вилата на нарко босот Ескобар: Некогаш рај, сега сакале да ја уништат со 200 кг. експлозив

Вилата „Ла Мануела“ некогаш служела како луксузно скривалиште на „кралот на кокаинот“ Пабло Ескобар, но денес е празна и напуштена.

Изградена е во мирен дел на колумбискиот град Гуатапе и е опкружен со пенливо езеро. И денес го привлекува вниманието на посетителите бидејќи се поврзува со водачот на моќниот нарко картел Меделин.

За време на својот живот, Ескобар собрал огромно богатство и жестоко го бранел бизнисот со дрога, пренесува The Sun.

Не криел да покаже колку е богат, да купува куќи, авиони, хеликоптери, па наводно дури и подморници. Ескобар отворил своја зоолошка градина, а неговите нилски коњи и денес талкаат по земјата.

Се верува дека во неговите имоти се крие голема сума на пари, а „Ла Мануела“ не е исклучок.

Вилата има двојни ѕидови кои служеле како „оклоп“, а ова е единственото нешто што останало од некогашната величествена зграда.

Група напаѓачи, финансирани од ривалски картел, ставиле 200 килограми ТНТ во една од бањите.

Луксузната зграда е уништена, а останале само дебели ѕидови. Осум месеци подоцна, Ескобар беше убиен од агенти во Меделин.

Градинарот на Ескобар се грижел за имотот 26 години по неговата смрт, додека тој конечно не бил избркан во 2019 година.

Вилата „Ла Мануела“, односно нејзините остатоци, привлекува туристи од целиот свет кои сакаат да погледнат во минатото на познатиот наркобос.

Многумина доаѓаат во потрага по богатство, пробивајќи ги ѕидовите со надеж дека ќе најдат скриени пари.

Порано имало тениско и фудбалско игралиште, хелиодром, патеки за мотоцикли, штали за коњи... и цела војска која го обезбедувала водачот на картелот.

Имотот сега се проценува на 10 милиони долари.

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

притисни ентер