Викендов по 40 години пауза се одржува авто рели трка ,,Охрид- Две езера" - Канал 5

Викендов по 40 години пауза се одржува авто рели трка ,,Охрид- Две езера"

АКК Примо Реисинг ,општините Охрид и Ресен и во соработка со Автомобилистичката Федерација и Агенцијата за млади и спорт по пауза од 40 години , организираат Мегународно Авто Рели Охрид –Две езера.

Викендов  по 40 години пауза се одржува авто рели трка ,,Охрид- Две езера"

По пауза од 40 години и организирањето на последниот Авто-Рели натпревар во 1999 година, под покровителство на градоначалниците на општина Ресен и општина Охрид, Живко Гошаревски и Константин Георгиески а во организација на АКК ПРИМО Реисинг и соработка со Автомобилистичката Федерација и Агенцијата за млади и спорт повторно се одржува Меѓународното авто рели ,, Охрид- Две езера".

Авто релито е од Меѓународен карактер и се бодува за Шампионатот на Централна Европска Зона, Шампионатот на Македонија и Шампионатот на Србија.

Учество ке земат повеќе од 30 екипи од повеќе европски држави.

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАРОТ

Сабота 29.06.2019

14:00ч - Отварање на сервисен парк Охрид кеј Македонија

14:30ч -Верификација и Технички Преглед

20:31ч-Церемонијални – Вип – Старт Охрид кеј Македонија

Недела 30.06.2019

07:46ч-Старт на релито Охрид кеј Македонија

08:34 ч -СС1 Галичица – Охрид 1

10:57ч-СС2 Галичица – Преспа 1

Сервис Охрид кеј Македонија

13:45ч-СС3 Галичица – Охрид 2

16:08ч-СС4 Галичица – Преспа 2

17:50ч-Цел Подиум Охрид кеј Македонија

Стартот и целта на релито е во Охрид – кеј Македонија а рутата на движење е преку Галичица до Стење со организација на посебни специјални испити во должина од 65 км и вкупна должина на релито од 215 км.

Со организација на ваков тип на манифестација Охрид и Ресен ке бидат центар на централна Европа во светот на автомобилизмот со што ке придонесеме за огромна промоција и поголема посетенос на Охридско Преспанскиот регион во Европски рамки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Грција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. 

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка.

На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.

Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Завршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото.

-Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација.

Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем.

Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација.

Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер