Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите - Канал 5

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. 

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според прогнозите на УХМР, во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Вообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога  17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. 

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот.

Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците.

Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен.

-Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац .

Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот.

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “.

А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена.

Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата.

-Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа.

-Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство

Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер