Викендов на Галичица првото издание на планинската трка „Охрид треил" - Канал 5

Викендов на Галичица првото издание на планинската трка „Охрид треил"

 Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на Планинарска трка „Охрид треил" што задутре ќе се одржи на планината Галичица и во градот Охрид.

Викендов на Галичица првото издание на планинската трка „Охрид треил"

Учеството на големата трка од 60 километри го имаат потврдено 57 натпреварувачи, а 94 натпреварувачи ќе се појават на стартот од малата трка на 35 километри. Стартот на големата трка е од Свети Наум во осум часот, а малата ќе започне два часа подоцна од автокампот „Елешец". Финишот на двете трки е на Кејот Македонија во Охрид.

На денешната прес-конференција по повод манифестацијата, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој и самиот е активен планинар, рече дека настанот освен што ќе послужи за поттикнување на спортот ќе има за цел да ги промовира и афирмира природните убавини на Охрид и планината Галичица.

– Сметам дека „Охрид треил" значително ќе ја збогати туристичката понуда во нашиот град во насока на алтернативните форми на туризам надвор од летната сезона. Верувам во капацитетите и способностите на луѓето вклучени во организацијата на оваа спортска приказна и убеден сум дека „Охрид треил" ќе биде исклучително квалитетно организиран и ќе бидат земени во обзир сите современи стандарди и практитки за ваков вид на настани. Исто така убеден сум дека „Охрид треил" ќе донесе едно незаборавно искуство за сите учесници и дека овој настан ќе прерасне во традиоционален, рече тој.

Здружението „ТРЕКС" ќе го додаде Охрид во градови и места кои биле домаќини на Планинска трка, заедно со трките што веќе се одржуваат во Прилеп, Скопје, Штип, Водно-Матка и на Шар Планина.

– Охрид треил е трка во планинско трчање. Планинско трчање преставува спорт мешавина од трчање и планинирање. Овој спорт е релативно нов и бележи голем последниве десеттина години. Во нашата земја, здружението „ТРЕКС" од 2011 започнува со организирање на планинарски трки и до сега редовно организираме трки во Прилеп, Штип, Скопје и Шар Планина и многу ми е мило што Охрид го додаваме во нашата лепеза. Не може да ги заобиколиме природните убавани на Галичица, убавините на Охрид и затоа веднаш ја прифативме поканата и понудата од Асоцијацијата за спортови. Со оглед дека ова е прво издание и ние сме возбудени, а и натпреварувачите исто така. Очекуваме интересна трка, исто така веруваме дека учесниците ќе дадат се од себе и ќе ја направат трката уште поинтересна и повозбудлива, истакна директорот на трката, Дејан Крле.

Што се однесува на техничките аспекти, трката на 60 километри го опфаќа целиот гребен на планината Галичица и се минува низ најинтересните делови од планината, додека учесниците на малата трка што стартува од автокампот „Елешец" ќе им се приклучат на оние од големата трка. Победникот на мала трка се очекува да пристигне за три и пол часови, а најдобриот во голема трка за шест и пол часови. За безбедност на натпреварувачите патеката е одбележана со посебни маркици, вкупно 60 волонтери, искусни планинари ќе има долж трасата, а за евентуални потреби на располагање ќе биде Планинарската спасителна служба.

Организаторите на манифестацијата ги повикаа охриѓани да бидат дел од трката, а доколку не можат да тржаат, со свое присутво долж патеката и на самата цел да придонесат за масовност и што поголема нејзина афирмација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Грција: Албанец ѝ дал 1.000 евра на сопругата „за трошок“, па отишол да ја убие љубовницата

Албанец (48), осомничен дека убил жена (45), која наводно му била љубовница, вчера наутро во Грција, а потоа извршил самоубиство, ѝ оставил на сопругата 1.000 евра „за трошок“ пред да се впушти во крвавото дивеење.

Драма во Грција: Албанец ѝ дал 1.000 евра на сопругата „за трошок“, па отишол да ја убие љубовницата

Според информациите од грчките и албанските медиуми, Албанецот ѝ ги оставил парите на сопругата пред да излезе од дома, велејќи ѝ да „продолжи да штеди“. Потоа отишол во Неа Смирни, каде што ја убил 45-годишната жена, а веднаш потоа извршил самоубиство.

Сопругата на сторителот, која била повикана да даде исказ, наводно изјавила дека забележала значителна промена во неговото однесување во текот на околу 18 месеци.

Според неа, 48-годишникот често бил отсутен од дома, а имало и ноќи кога спиел на друго место, без таа да знае каде е или дали е во врска со друга жена.

Според истите информации, неговата сопруга ѝ рекла на полицијата дека се плашела од него.

„Раскинав со него затоа што беше љубоморен“

Во исто време, се очекува изјавите на луѓе од околината на 45-годишната да фрлат дополнителна светлина врз нејзиниот однос со 48-годишникот, а особено што му претходело на злосторството.

Според информациите, жртвата ѝ се доверила на својата сестра дека е во врска со маж, но дека одлучила да раскине поради неговата љубомора. Таа наводно ѝ рекла дека ќе продолжи да инсистира и дека се плаши од него.

Ноќта на убиството, 45-годишната била сама во куќата. Нејзината ќерка не била во Атина, туку отишла во Агринио со нејзиниот чичко.

Камерите го снимиле злосторството

Во исто време, природата на врската помеѓу 48-годишникот и 45-годишната жена е под лупа на полицијата, додека неговите електронски уреди се анализираат за да се утврди комуникацијата или други докази што би можеле да ја комплетираат сликата за тоа што му претходело на злосторството.

Одлучен елемент е и снимката од безбедносните камери во областа, кои го снимиле злосторството. Според досегашните информации, 48-годишниот маж изгледал како да ја чекал 45-годишната жена пред нејзината куќа. Кога таа ја отворила вратата и излегла, тој ја застрелал, а потоа го насочил револверот кон себе и извршил самоубиство.

Оружјето што го користел 48-годишникот наводно било во негова нелегална сопственост.

Се истражува и неговото минато во Албанија.

Властите го истражуваат и минатото на сторителот во Албанија. Според информациите од protothema.gr, 48-годишникот бил предмет на интерес на албанските власти во 2016 година, кога бил уапсен во Тирана под обвинение за силување на неговата сопруга.

Албанските медиуми, исто така, објавија дека тој бил гонет за следење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Не сакаме туристи“- им ги гребаат автомобилите, им пишуваат закани (ФОТО)

Масовниот туризам во последниве години предизвикува зголемено незадоволство кај жителите на многу популарни европски дестинации, а ова лето, незадоволството во еден дел од Франција отиде чекор понатаму.

„Не сакаме туристи“- им ги гребаат автомобилите, им пишуваат закани (ФОТО)

Туристичките автомобили се цел на напади, непријателски пораки се појавуваат на ѕидовите, а локалните власти мораа да ги повикаат жителите да ги смират тензиите.

Топлиот бран го поттикнува непријателството кон туристите

Проблемот е особено изразен во Финистер, најзападниот департман на Бретања, каде што се цел на напади посетители од Париз и неговата околина, како што објави Вечерњи лист.

Жителите на оваа област со години живеат со многу поголеми толпи, проблеми со сообраќајот и недостаток на паркинг во текот на летото, но ситуацијата стана особено напната овој август.

Една од причините е топлотниот бран што го погоди југот на Франција и ги насочи некои туристи кон попријатниот и постудениот брег на Бретања.

Изгребани автомобили со париски регистарски таблички

Во градот Плобаналек-Лесконил се регистрирани случаи на вандализам на автомобили регистрирани во парискиот регион. Возилата беа покриени со антипариски пораки.

Градоначалникот Лоик Ле Фиер ги осуди инцидентите, велејќи дека, покрај материјалната штета, е загрижен и за нетолеранцијата зад ваквите дејствија.

Тој нагласи дека местото треба да остане отворено и пријатно за луѓето без оглед на тоа од каде доаѓаат и зошто се таму. Но, инцидентите не беа ограничени само на автомобили.

Во Плогофт, покрај јавен пат се појави знак со кој им се вели на Парижаните да си заминат, додека во Пенмарк на ѕид се појави порака: „Бегалците добредојдени, туристите одете дома!“

Исто така, имаше инцидент во кој велосипедист вербално нападнал тркачка, ја прашал дали е од областа и ѝ наредил да си замине.

Градоначалникот на Пенмарк, Дејвид Ле Бер, ги опиша ваквите инциденти како шокантни и рече дека заплашувањето на луѓето и негирањето на нивното право да бидат на улиците нема место.

Од 5.600 локални жители до 17.000 луѓе во сезона

Сепак, локалните власти признаваат дека зад незадоволството стои вистински проблем со притисокот што голем број туристи го вршат врз малите места.

Пенмарк има околу 5.600 жители во текот на годината, но во текот на летото бројот на луѓе се зголемува на околу 17.000.

Ова значи дека населението практично е тројно помалубројно.

Таквиот прилив носи проблеми со сообраќајот, недостаток на паркинг места, но влијае и на локалниот пазар на недвижности поради големиот број куќи за одмор.

Обемот на туризмот го покажуваат и податоците според кои Финистер бил најпосетуваниот департман во Бретања минатата година. Помеѓу април и септември биле регистрирани дури 7,4 милиони ноќевања.

Французите сочинуваат околу 80 проценти од туристичките ноќевања во регионот, додека околу 30 проценти од домашните гости доаѓаат од регионот Ил де Франс, во кој спаѓа и Париз.

Топлинскиот бран ги менува туристичките текови

Дополнителен притисок ова лето предизвика и времето.

Топлинските бранови и шумските пожари во јужна Франција влијаеја на туризмот, при што некои патници бараат одмор на северот од земјата.

Додека Нормандија и северна Франција се справуваат многу добро, некои традиционално популарни области на југ се соочуваат со пад.

Бретања со тоа доби повеќе туристи во време кога некои локални заедници со години се обидуваат да најдат рамнотежа помеѓу приходите што ги носат посетителите и секојдневниот живот на населението.

Локалните власти сега се обидуваат да ја смират ситуацијата, потсетувајќи дека туризмот е важен извор на приход за целиот регион. Во исто време, тие признаваат дека постојат проблеми со инфраструктурата, паркирањето, сообраќајот и домувањето.

Долгогодишното соперништво меѓу локалното население и Парижаните со тоа доби многу посериозна форма ова лето - од вообичаеното незадоволство до пораки на ѕидовите и на оштетените автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија лансира и постави вселенско летало во земјината орбита за потребите на Министерството за одбрана

Вселенскиот брод „Сојуз 2.1б“ беше успешно лансиран, а потоа поставен во орбитата за потребите на руското Министерство за одбрана, објави Тасс.

Русија лансира и постави вселенско летало во земјината орбита за потребите на Министерството за одбрана

Компените средства на Воздухопловните сили (ВКС) ја презедоа контролата врз вселенското летало, соопшти воениот оддел.

Претходно, Министерството за одбрана објави дека утрово (24 август) во 5:40 часот од космодромот Плесецк, борбениот екипаж на Вселенските сили ВКС успешно ја лансираше ракетата-носач од средна класа „Сојуз 2.1б“ со вселенски брод за потребите на руското Министерство за одбрана.

- Во закажаното време, вселенскиот брод беше поставен во целната орбита и преземен за контрола од копнените средства на Вселенските сили ВКС. Воспоставена е и се одржува стабилна телеметриска врска со вселенскиот брод, а неговите системи работат во редовен режим, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер