3Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РакометВикенд на македонските женски и машки ракометни екипиДека ракометот е спорт број 1 во Македонија, јасно покажува и фактот што викендов дури шест наши екипи ги играат своите натпревари во европските купови.Фокусот на вниманието секако ќе биде во Лигата на шампионите, како најпрестижно натпреварување, а за трите натпревари резервирана е саботата. Возбудувањата започнуваат во 14.30 часот со гостувањето на ЖРК Вардар кај Турингер во рамки на последното коло од групната фаза. Нашите првенки веќе го обезбедија пласманот во следната рунда, но резултат од овој натпревар е важен поради фактот што бодовите освоени против ривалите се пренесуваат во главната фаза. Во машка конкуренција, Вардар гостува кај Веспрем од 16.30 часот и ќе се обиде да се реваншира за несреќниот и драматичен пораз од минатиот викенд доживеан во салата „Јане Сандански“. Металург по сите проблеми и драми кои се случуваа во клубот изминатите две недели се врати на терените и загуби кај Ла Риоха во Лигата на шампионите. Утре против шпанскиот им на домашен терен во „Борис Трајковски“ ќе атакува на првиот триумф во елитното натпреварување и да ја прекине серијата од пет порази по ред. Во недела во рамки на ЕХФ-Купот, вториот тим на ЖРК Вардар го игра реванш натпреварот од третото коло против унгарскиот тим Дунајфарош. Во првиот натпревар на гостински терен младите „вардарки“ беа убедливо поразени со 28-20, а во недела ќе се обидат да дојдат барем до триумф и чесно да се простат од европските натпреварувања. Ракометарките на Металург за три дена ќе ги одиграат двата натпревари против Шјофок од 3.коло во Купот на победниците на куповите и тоа на гостински терен. Првиот го играат денеска и само формално ќе ја имаат улогата на домаќин, додека реваншот ќе биде одигран во недела. Тимот на Пелистер во недела му гостува на чешкиот тим Дукла Прага во првиот натпревар од третото коло во Челинџ купот. Богатиот ракометен викенд е пред нас, а сега останува да видиме колку и кои наши екипи ќе го оправдаат реномето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЈокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат. Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините. Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој. За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел. Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1. Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБиблија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз Импровизирана експлозивна направа со гасни боци е пронајдена во станот на 39-годишен осомничен во пукотница во францускиот департман Ивлин во близина на Париз, во која загина едно лице, а петмина беа ранети, соопштија извори блиски до истрагата. Истражителите, исто така, пронајдоа копија од книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“, како и Библија и Куран за време на претресот, објавија BFM TV и дневниот весник Le Monde. Маж пукал во неколку луѓе од автомобил во Ивлин, во западниот париски регион, во петокот, а подоцна бил уапсен во градот Коањер, соопштија француските власти. Пет други лица се ранети во нападот, од кои тројца се тешко повредени. Меѓу нив имало и 12-годишно девојче. Идентитетот на жртвата сè уште не е познат, а француските медиуми известуваат само дека станува збор за 26-годишен маж. Францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша пукотницата како „пресвртница“ и го осуди нападот како чин извршен под влијание на расистичка идеологија. Тој ги повика граѓаните да не се повлекуваат од идеите што се сè пораспространети и можат да го оправдаат таквото насилство. Според француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), осомничениот Кевин Т. не е регистриран во базата на податоци S, која вклучува лица кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, но е познат на полицијата по претходни кривични дела. Осомничениот е уапсен во Коињер од страна на припадници на Бригадата за борба против криминалот (BAC).Тагови: Париз терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38