3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ФудбалВикарио нов голман на ТотенхемЧуварот на мрежата на калчолигашот Емполи, Гилермо Викарио, ја смени клупската средина и потпиша договор со премиерлигашот Тотенхем, вреден 18.6 милиони евра.Викарио, како што јавија синоќа британските медиуми, ставил потпис на петгодишен договор и прв пат во кариерата ќе настапува надвор од родната Италија. Претходно во кариерата италијанскиот голман настапуваше и за Удинезе, Каљари, Венеција и Перуџа. На крајот на минатата година Викарио доби повик во италијанската репрезентација, но сè уште го чека својот дебитантски настап во националниот дрес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаМинистерот Тимчо Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форумМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи. Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан. На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЃоковиќ му честиташе на Федерер за неговиот влез во Куќата на славните (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ се огласи по повод приемот на Роџер Федерер во Меѓународната тениска сала на славните и му честиташе на еден од неговите најголеми ривали и пријатели.Швајцарскиот тенисер официјално стана член на Салата на славните во Њупорт, а церемонијата беше особено емотивна. Федерер не можеше да ги задржи солзите за време на својот говор, во кој се потсети на својата кариера, семејството и луѓето што го следеа во текот на четирите децении поминати во тенисот. Генерацијата на која Ѓоковиќ ѝ припаѓаше, исто така, имаше посебно место во неговата приказна, заедно со Рафаел Надал и други великани кои ја одбележаа една од златните ери на овој спорт. - Роџер, честитки за приемот во Салата на славните. Сите знаевме дека овој ден ќе дојде порано или подоцна. Никој не го заслужува ова повеќе од тебе. За сè што си постигнал, за она што си го претставувал и сè уште го претставуваш за спортот и тенисот. Тоа е нешто извонредно и неверојатно. Ти благодарам што си толку голем амбасадор за нашиот спорт. Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден со твоето семејство и ќе ја прославиш твојата неверојатна кариера. @DjokerNole congratulates friend and rival, @rogerfederer on his induction to the @TennisHalloFame ♥️#InductionCelebration #CloserToGreatness pic.twitter.com/yc30XGi8OQ — ATP Tour (@atptour) August 30, 2026 За потсетување, легендарниот Роџер Федерер беше официјално примен во Меѓународната тениска сала на славните во саботата, но церемонијата во Њупорт беше обележана со силни емоции. Еден од најголемите тенисери на сите времиња не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за својата кариера, семејството и спортот кој, како што самиот рече, му „значеше сè на светот“.Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СветКанада му одговори на Трамп со нов натпис: Езеро Онтарио, сега и засекогаш (ВИДЕО)Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, одговори на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп со поставување голем знак на канадскиот брег на езерото Онтарио. Трамп во четврток потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“, предизвикувајќи остра реакција од Канада, објавува Би-Би-Си. Иако Трамп рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во соработка со Одборот за географски имиња. Одлуката не е обврзувачка за Канада или меѓународните институции. Канадските власти го отфрлија потегот на Трамп. Форд верува дека Трамп го променил името на езерото затоа што „не му се допаднал начинот на кој Онтарио и Канада се залагаат за себе“. „Во случај претседателот Трамп или некој друг да заборави, ја поставивме оваа табла за да ги потсетиме - ова е езерото Онтарио, сега и засекогаш“, рече Форд, стоејќи пред новопоставениот знак покрај езерото. Изјавата на Форд е одраз на претходната порака од канадскиот премиер Марк Карни, кој рече дека „работите мора да се нарекуваат со нивните вистински имиња, а ова езеро се вика Онтарио - денес и засекогаш“. Ontario Premier Doug Ford unveils a big Lake Ontario sign along the lake's shoreline in response to President Trump's executive order to rename it Lake America. pic.twitter.com/Uu0w1qbt0H — Scott Robertson (@sarobertson_) August 29, 2026 Извршна наредба на Трамп и видеа со вештачка интелигенција Трамп вчера објави и неколку видеа генерирани од вештачка интелигенција на социјалните мрежи. Во едно, тој со ногата го искина знакот „Езеро Онтарио“ и постави нов на кој пишуваше „Добредојдовте во езерото Америка“. Во друго, јато канадски гуски со фризурата и оружјето на Трамп патролираат по брегот на езерото. Новиот спор меѓу САД и Канада се случи откако трговските разговори не успеаја. САД воведоа нови царини од 50 проценти на канадска стока во вредност од 20 милијарди долари, а Канада објави дека ќе одговори со контрамерки од ист износ следниот месец. Canada installs large Lake Ontario sign in latest jab at US https://t.co/Eo3ES9GRFw — BBC News (World) (@BBCWorld) August 30, 2026 Од каде доаѓаат имињата на Големите езера? Имињата на четирите Големи езера - Онтарио, Хјурон, Мичиген и Ири - доаѓаат од јазиците на домородните народи, додека името на Горното езеро доаѓа од францускиот јазик. Езерото Онтарио е најмалото од Големите езера и се наоѓа на границата на канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк. Извршната наредба на Трамп му наложи на Министерството за внатрешни работи на САД да го промени своето име во официјалниот американски регистар на географски имиња во рок од 30 дена. Трамп веќе го преименува Мексиканскиот Залив Ова не е прв ваков потег на Трамп. По враќањето во Белата куќа во 2025 година, тој потпиша слична извршна наредба со која го преименува Мексиканскиот Залив во Залив на Америка. Мексико ја отфрли промената, тврдејќи дека една земја не може еднострано да го промени името на меѓународно водно тело. Овој потег, исто така, доведе до правен спор помеѓу Мексико и Google, кој го промени името во својата апликација Maps. Како резултат на тоа, корисниците на Google Maps во САД го гледаат името „Залив на Америка“, корисниците во Мексико го гледаат „Мексикански Залив“, додека корисниците во остатокот од светот го гледаат „Мексикански Залив (Залив на Америка)“.Тагови: Доналд Трамп Онтарио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook