ВИЕНСКИ РОЛАТ - Канал 5

ВИЕНСКИ РОЛАТ

Рецепт на: ВАЛЕНТИНА КОСТОВСКА

ВИЕНСКИ РОЛАТ

Потребни состојки:

за пандишпан: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви и 3 лажици брашно.

за крем: 600 мл. млеко, 170 гр. шеќер, 2 пудинга од ванила, 100 гр. маргарин и 100 гр. чоколада.

за смеса за салама: 200 гр. ореви, 150 гр. бисквити, 150 гр. шеќер во прав, 1 филџан млеко, 100 гр. маргарин, 100 гр. чоколада и 2 лажици рум.

Постапка:

Во подлабок сад се матат со миксер 6 јајца и се додаваат 6 лажици шеќер.

Потоа се додаваат 6 лажици мелени ореви и 3 лажици брашно.

Состојките добро се мешаат и добиената смеса се распоредува во плех со готварска хартија.

Се пече во загреана рерна 15 минути на 200 степени.

Во тенџере со 600 мл. млеко се става 170 гр. шеќер и 2 пудинга од ванила и се вари се додека не се згусти пудингот.

Во друго тенџере на оган се ставаат: 150 гр. шеќер во прав, 200 гр. мелени ореви, 100 гр. маргарин и 1 филџан млеко.

Состојките се варат и потоа се додава 100 гр. чоколада.

Откако ќе се стопи чоколадата, тенџерето се трга од оган и се додаваат 150 гр. мелени бискити.

Сите состојки, заедно со 2 лажици рум треба добро да се измешаат.

Од добиена смеса со фолија се формира салама која се остава да се излади во фрижидер.

Во подлабок сад со миксер се мати изладениот пудинг и маргарин.

Добиената смеса се дели на два дела.

Во едниот дел се додава 100 гр. стопена чоколада, а другиот останува жолт.

На пандишпанот се нанесува чоколадниот фил на целата површина, а врз него жолтиот фил.

Врз нив се става саламата и се витка ролат.

Ролатот се става во фрижидер да се стегне и потоа се филува со чоколада или крем по желба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Почитуван г. Пепо Леви,

Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија на чие чело сте, со длабока почит кон Јом Кипур, да ви упатам искрени желби за духовен мир, здравје и благосостојба!

Јом Кипур, најсветиот и највозвишениот празник во еврејската духовна традиција, е празник на тишината и молитвата, на постот и преиспитувањето, на покајанието и простувањето.

На овој ден, човекот се повлекува од секојдневната врева и, со искрено и смирено срце, се соочува со сопствената совест, со своите постапки и со одговорноста што ја има кон ближниот, кон семејството и кон заедницата.

Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка, да се преиспитаме, да побараме прошка и да најдеме сила да простиме.

Денешниот ден нè потсетува дека помирувањето не е само религиозна, туку и суштинска човечка и цивилизациска вредност.

Во свет во којшто сме сведоци на поделби, нетрпеливост и отуѓување, вредностите на Јом Кипур се повик за човечност, достоинство и заемно почитување.

Заеднички да го градиме македонското општество како место во кое секој човек слободно и достоинствено ќе ја живее својата вера, традиција и културен идентитет, а различностите ќе бидат мостови на разбирање, а не линии на поделба.

д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

​ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Иако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. 

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот.

Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин.

Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто.

Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари.

Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија.

Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер