Видое Видичевски и Ѓеорѓе Добре добитници на наградата „Книжевно жезло“ - Канал 5

Видое Видичевски и Ѓеорѓе Добре добитници на наградата „Книжевно жезло“

Наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности, ја добија македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре.

Видое Видичевски и Ѓеорѓе Добре добитници на наградата „Книжевно жезло“
Одлуката, соопшти ДПМ, едногласно ја донесе Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ што се одржува во рамките на програмските активности на Друштвото.

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централната приредба на оваа манифестација, во јуни идната година. Друштвото на писателите на Македонија ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, романски и англиски јазик.

Видое Видичевски е роден во Охрид, во 1931 година. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. Во поезијата дебитира со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година. Потоа ги објавува поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“ и „Биље крај езерото“. Неговата поезија преведувана е на италијански, француски, руски, турски и романски јазик. Автор е на збирката раскази „Заробеници на вечерните игри“ и на драмите „Бреговите се немирни“ и „Балада за орканата“. Бил оснивач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од оснивачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. За своето творештво добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид и наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година.

Романскиот поет Ѓеорѓе Добре е роден во 1953 година во Рон Јоата, жупанија Јаломица. Главен уредник е на издавачката куќа „Хелис“ од Слобозија. Ѓеорѓе Добре е автор на 12 поетски книги, меѓу кои „Песни и знаци“, „Змеј со лотоси в уста“, „За осаменоста со суштината на материјата“, „Гилотината на реалноста“, „Вежби за слобода“, „Раскинувачи на илузии“ и „Трофеи“. Член е на Сојузот на романските писатели и добитник на неколку национални награди. Ѓеорѓе Добре минатата година во Романија ја објави книгата „Тој човек иде од некаде“, во која со поезија се застапени 34 поети од Македонија во препев на Димо Димчев. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Три лица се избодени до смрт во слаткарница во јапонскиот град Мотосу, а се сомнева дека пожарот е подметнат потоа.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Инцидентот се случил вчера во слаткарницата „Sunrise“, каде што избувнал пожар околу 21 часот, објави денес „Japan Times“.

Лице на местото на настанот ја повикало полицијата, велејќи дека некој бил избоден, дека местото било испрскано со бензин и дека избувнал пожар.

Во тој момент во слаткарницата имало вкупно 11 лица, имено жена на околу 60-тите години и нејзините познаници.

Полицијата се сомнева дека еден од нив можеби бил вмешан во инцидентот.

Пожарот бил изгаснат околу три часа подоцна, а околу 300 квадратни метри од двокатната зграда со челична конструкција изгореле.

Две тела подоцна биле пронајдени на местото на настанот, соопштија локалните власти.

Трите лица биле однесени во болница, а едно од нив подоцна било потврдено како мртво.

Јапонскиот весник, исто така, објави дека слаткарницата слави 20 години работење, повикувајќи се на податоци од нејзината веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Целосна драма за Ферари на домашен терен! Шарл Леклер доживеа сериозна несреќа на Големата награда на Италија, во третиот круг од трката во Монца.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Пред тоа, Леклер имаше судир со соиграчот Луис Хамилтон на стартот, по што Британецот падна на 10-то место. Леклер продолжи да напаѓа, но набрзо следеше целосен хаос.

При излегување од кривина, тој ја изгуби контролата врз својот автомобил и силно удри во заштитната ограда. За среќа, преживеа без сериозни последици. Трката беше прекината 30 минути.

Погледнете како изгледаше сериозната несреќа на Шарл Леклер на домашната трка на Ферари.

Да ве потсетиме дека возачот на Мерцедес, Кими Антонели, денес ја освои Големата награда на Италија во шампионатот на Формула 1. Антонели ја постигна седмата победа во својата кариера на патеката во Монца, откако го престигна соиграчот Џорџ Расел на четири круга до крајот.

Расел заврши втор, 3,8 секунди зад победникот, додека Макс Верстапен заврши трет, 14,7 секунди зад победникот. Ландо Норис беше четврти, додека Оскар Пјастре, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Арвид Линдблад, Франко Колапинто и Јуки Цунода исто така освоија поени. Антонели сега има 267 поени во генералниот пласман, Расел е втор со 201, додека Хамилтон е трет со 191 поен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино, пожар му се заканува на селото

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино во Општина Брвеница, каде што голем пожар беснее во близина на селото и се заканува да се прошири кон населеното место, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино, пожар му се заканува на селото

Тетовските пожарникари се на терен, но гаснењето е отежнато поради непристапниот и ризичен терен.

Ангелов информираше и дека пожарот кај Рамно на Скопска Црна Гора се гасне веќе втор ден. Во акцијата учествуваат хеликоптер, пожарникари, екипи на ДЗС и околу 30 припадници на Армијата.

Силниот ветер го отежнува гаснењето, а чадот се движи кон Скопје. Ангелов апелираше до граѓаните на внимателност.

„Доволно е само една искра за вистинска катастрофа“, предупреди тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер