3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
Шоу бизВидеоинтервју со Лејди ГагаВо видеоинтервју за „Ел“ (Elle), Лејди Гага говори за својата кариера, приватниот живот... Смета и дека нејзиниот нов албум „Mayhem“ е „звучно моќен и поетски“, а се осврна и на последната „Греми“ награда.Најмногу го сака она кога „обожавателите, кога ќе излезе од хотел, ја поздравуваат со стиховите“ од некои нејзини песни... - Навистина уживам во тие мигови, рече таа. По повод овогодишното „Греми“ за најдобро поп-дуо - со Бруно Марс за песната „Die With A Smile“, Гага им изрази посебна благодарност на своите обожаватели. - Додека пишувам песни, сè што сакам да правам преку моите песни е да раскажувам приказни коишто ги допираат срцата на луѓето. Да претставам песна со Бруно за посебна љубов е навистина од душа. Љубовта е она што ни треба на сите во овој миг. Ви благодарам, „мали чудовишта", рече Гага. Прашана, кој совет би го дала кон помладата себеси, таа рече дека не треба да биде толку строга кон себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТри активни пожари во Македонија, оганот кај штипскиот „Исар“ се гаси со ер-тракторТри активни пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот, информираат од центарот за управување со кризи.Според ЦУК, пожарникарите во моментов интервенираат во делови од општините Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево. Во општина Штип пожар е регистриран во централното градско подрачје, на местото викано исар, каде што гори ниска вегетација. Од ДЗС информираат дека „ертрактор“ веќе е полетан да интервенира на овој пожар. На терен во населбата Исар се веќе противпожарни возила, пожарникари и доброволци од дпд од Штип, како и населението и волонтери, каде со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не дозволуваат пожарот да дојде до најблиските објекти. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата исар, која е под тврдината Исар. Активен пожар во кој гори ниска вегетација има кај селото неокази во општина пробиштип. Од ДЗС велат дека пожарот во Пробиштипско започнал меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНародниот театар Битола - По успешната премиера, „Госпоѓа Бовари“ повторно пред публикатаНа 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето.Приказна за копнежите што не познаваат граници, за соништата што се судираат со реалноста и за цената на изборите што ги правиме. Ема Бовари нè води низ свет исполнет со страст, илузии и немир, во претстава што остава силен впечаток долго по последниот аплауз. На 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето. „Госпоѓа Бовари“ носи со себе некои вечни теми и прашања. Мислам дека „Госпоѓа Бовари“ е некаков женски „Хамлет“. Тоа е женскиот поединец кој се спротивставува на системот, на општествените и моралните рамки што ги создаваме и кои се дел од сите нејзини проблеми, додека системот се обидува да ја вовлече да биде дел од тие лажни вредности. Самата претстава зборува за слободата на личниот избор“, истакнува режисерот за претставата. Госпоѓа Бовари во претставата го минува својот пат, каде што е растегната меѓу телото и душата, меѓу телото и страстите што ја влечат надолу, на земјата, во калта, и од друга страна, душата што се обидува да гледа кон небото, да го бара Бог и повисоката смисла на постоењето. Ликот на Ема Бовари го игра актерката Маја Андоновска Илијевски, а покрај неа во актерската екипа се и: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ (Шарл), Огнен Дранговски (Родолф), Мартин Мирчевски (Лере), Сандра Грибовска Илиевска (Слугинка), Петар Мирчевски (Свештеник), Борче Ѓаковски (Исус Христос) и Ива Лазарова (Ќерката на Ема и Шарл). Авторскиот тим го сочинуваат: асистент на режија Андреј Цветановски, драматург Сашо Димовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, кореограф Олга Панго, композитор Горан Трајкоски, видео дизајнер Сергеј Светозарев, светло мајстор Игор Мицевски, тон мајстор Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски и суфлер Гордана Михајловска. Една од варијантите на плакатот е изработка на Михајло Димитриевски – Мичо. Има уште еден плакат, дело на Сергеј Светозарев, кој од септември, кога ќе се продолжи со настапи по фестивали ќе биде презентиран на прес-конференција. Не пропуштајте ја репризата на најновата театарска продукција во режија на Дејан Пројковски, инспирирана од ремек-делото на Гистав Флобер. Претставата е наменета за лица над 16 години!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ребалансот е признание за целосниот дебакл на економските политики на МицкоскиРебалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Ребалансот на буџетот од една страна е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски, а од друга страна, повторно, не носи ништо добро за граѓаните. Туку најавува зголемување на дефицитот и долговите кои што ги враќаат следните генерации“, истакна Филипче. Тој нагласи дека со ребалансот Владата само ги потврдува предупредувањата што СДСМ ги упатуваше изминатиот период. „Практично се потврдува тоа што го говориме цело време, дека со Мицкоски и оваа група на власт нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување. До крајот на годината практично ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард, туку напротив – влошување. Едноставно, економијата тоне“, рече Филипче. Само шест месеци по усвојувањето на Буџетот, Владата признава дека ги промашила речиси сите клучни економски проекции. Буџетот беше претставуван како документ за фискална консолидација, стабилни јавни финансии и силен економски раст. Ништо од тоа не е остварено“, истакна Филипче. Тој посочи дека Владата веќе ги намалува проекциите за економскиот раст, додека инфлацијата е речиси двојно повисока од ветената. „Наместо ветениот економски раст од 3,8%, сега проекцијата се намалува на 3,5%. Реалноста е дека ниту ова нема да се оствари. Наместо ветена инфлација од 2,5%, граѓаните добија 4,5% инфлација. Значи, двојно зголемена инфлација. Повисоки цени, дополнителен удар врз семејните буџети“, нагласи Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди дека Владата, наместо фискална консолидација, го зголемува буџетскиот дефицит и отвора нов циклус на задолжување. „Наместо ветената фискална консолидација, Владата го зголемува буџетскиот дефицит од 39,2 на 46,3 милијарди денари, односно на 4,1% од БДП, што е речиси 18% зголемување. Наместо помал долг, Владата отвора нов бран на задолжување, и домашно и странско“, рече Филипче. Тој потенцираше дека јавниот долг достигнал 11 милијарди евра и за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра, без тие средства да бидат вложени во развојни проекти. „Значи, да повторам, јавниот долг достигна 11 милијарди евра. Зголемен од оваа власт за само две години е за 2,5 милијарди евра. И тие пари не се вложени во капитални проекти. Со новиот дефицит од над 110 милиони евра значи дека се задолжени кој знае колку следни генерации. И ова е опасно и неодржливо задолжување, со кое Владата едноставно товарот го префрла врз идните генерации“, истакна Филипче. Филипче оцени дека најзагрижувачки е што дополнителното задолжување не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи. „Пари едноставно нема за ништо. Загрижува поголемиот дефицит, кој што не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи, а кои што се резултат на лошо планирање и управување со финансиите“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Линк до видео: https://youtu.be/kzSATfjTi8M?si=sGP0AgaefwYhAyNu Скопје, 03.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook