Шоу бизВидео18+: Австралиската полиција во потрага по голата Ди Џејка!!25 годишната Ди –Џејка Габи Грецко е позната по своите провокативни фотографии, но атрактивната русокоса сега си направи проблем со полицијата со голата прошетка низ еден трговски центар во Мелбурн.На Габи најверојатно и било досадно дома покрај 71 –годишниот свршеник и очигледно решила да внесе малку возбуда во вечерта и гола да се прошета низ еден трговски центар во Мелбурн. За време на вечерната прошетка Габи на себе имала само долг вел , кој се веел зад неа додека таа скокала низ трговскиот, облечена само со чевли со високи потпетици. Но сепак оваа прошетка без облека Габи ја направила во рекламни цели за снимањето на рекламата „ Sneaky Maga“. -Тој сигурно не ги сака жените. Тоа го забележав уште во првиот момент, истакна Габи во моментот кога припадник на обезбедувањето не сакал да ја пушти да влезе во една продавница. Додека голата Габи минувала низ улица, минувачите со деца биле згорозени од глетката, поради што габи ќе има проблем со австралиската полиција. Прекршила повеќе закони поради што ќе мора да понесе одговорност. „Не се соблеков за да ја налутам полицијата, тоа никогаш не би го сторила. Го доживеав тоа како уметност, како нешто страсно. Не се срамам од своето тело и полна сум со самодоверба, заклучи атрактивната Габи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter