Големото финале од Лигата на Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем, закажано за среда од 21 часот на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, веќе доби жестока увертира – но надвор од теренот.
Во Сан Себастијан, град оддалечен на околу еден час од местото на одигрување на натпреварот Билбао , се случила сериозна физичка пресметка меѓу навивачите на овие два англиски гиганти.
Според пишувањата на британските медиуми, се започнало кога две спротивставени групи случајно се сретнале на улиците на баскискиот град, што довело до вербален конфликт кој набрзо прераснал во физичка пресметка.
Очевидци тврдат дека тепачката избила нешто пред 21 часот и 30 минути, а се резултирало со хаос .
За среќа, брзата реакција на шпанската полиција спречила поголем инцидент.
Локалните полициски единици по пријава за нарушување пристигнале и успеале да спречат натамошно насилство и да воспостават контрола над ситуацијата.