ЖивотВидео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во БразилСилен ветер ја собори реплика на Американската статуа на слободата висока 24 метри во Бразил, објавија локалните медиуми.Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, ја потврдил информацијата, пренесува медиумите. Тој, исто така, известил дека нема повредени, пренесува CNN Brazil. Според првичните информации, силниот ветер и бурите, кои во некои моменти достигнувале и до 90 километри на час, предизвикале структурата да се навалува, а потоа да падне на земја. 🚨Statue of Liberty replica collapses due to strong winds in Guaíba, Brazil. The monument dates back to the early 1900s and is linked to Freemasonry. pic.twitter.com/ZVzP1xWOV4 — The Page Z (@ThePageZ_) December 16, 2025 Скулптурата заедно со постаментот има вкупна висина од 35 метри, а статуата висока 24 метри била оштетена при падот.Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter