Видео: Уште една канадска провинција прогласи вонредна состојба поради шумски пожари - Канал 5

Видео: Уште една канадска провинција прогласи вонредна состојба поради шумски пожари

Канадската регионална влада во провинцијата Саскачеван прогласи вонредна состојба додека шумските пожари продолжуваат да беснеат во нејзините северни региони поради што се раселени илјадници луѓе.

Видео: Уште една канадска провинција прогласи вонредна состојба поради шумски пожари

- Денеска прогласивме вонредна состојба на територијата на целата провинција бидејќи шумските пожари ги загрозуваат нашите заедници и веќе принудија илјадници наши жители да ги напуштат своите домови, напиша на Х Скот Мо, премиер на Саскачеван.

Тој додаде дека ова им овозможило на властите да ги мобилизираат „ресурсите неопходни за безбедна евакуација на жителите на Саскачеван и заштита на заедниците“.

Тоа може да вклучува барање дополнителни ресурси од Отава, како што се персонал, опрема и употреба на војската, според канадската национална телевизија CBC.

Агенцијата за јавна безбедност на Саскачеван соопшти дека заклучно со четврток навечер по локално време, имало 16 активни шумски пожари во провинцијата, од кои три се сметаат за ставени под контрола.

Канадската провинција Манитоба, лоцирана источно од Саскачеван, во средата прогласи вонредна состојба откако шумските пожари принудија околу 17.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. 

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота и в понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме – најави УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 4. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитар Ковачевски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува поранешниот премиер од СДСМ, Димитар Ковачевски.

Димитар Ковачевски во „Само интервју“

4 години откако неговата влада го прифати францускиот предлог, Македонија тапка во место – Кошта порача - договореното мора да се исполни – ќе го отвори ли тоа патот кон членство во ЕУ или ќе биде вовед во бесконечни бугарски барања? Зошто првично НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје?

Какви сценарија се правеле во кабинетот на Пендаровски и дали Груевски бил џокерот на власта за 2/3 мнозинство?

По поразот си даде оставка во СДСМ, но колку новото раководство успеа да ја консолидира партијата во овие 2 години?

Научивме ли нешто од енергетската криза во 2022 и колку успешно се справуваме со сегашната?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува екс-премиерот Димитар Ковачевски, веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер