Видео: Тиктокер му ја протна топката низ нозете на Роналдињо, тој се налути

Тиктокерот Ферјани Сафи и неговиот пријател Омар решија да се пошегуваат со Роналдињо.

Кога легендарниот Бразилец минувал низ тунелот на стадионот, двајцата го сретнале и му ја протнале топката низ нозете. Сафи му ја прота топката на Роналдињо, а тоа воопшто не му се допадна на Бразилецот.

Роналдињо реши да ја шутира топката кон тиктокерот, кој остана вчудовиден. Бразилецот е познат како еден од најрасположените фудбалери, па љубителите на фудбалот беа непријатно изненадени од оваа нервозна реакција.

Роналдињо е еден од најдобрите играчи на сите времиња, а сега игра егзибициски натпревари. Тој освои две златни топки играјќи за Барселона, а извесно време помина во парагвајски затвор поради неплаќање данок.

ЦУК: Седум пожари на отворено изминатото деноноќие

Седум пожари на отворено изминатото деноноќие, отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.

Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

- РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Комисијата за заразни болести ќе заседава, 123 случаи на голема кашлица во Скопје

 Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат. 

Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

На 28 февруари, министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски изјави дека при контролите за вакцинација во градинките, поради епидемијата со голема кашлица, не се констатирани прекршоци.

- Ги зголемивме контролите, инспекторите се на терен. Имаме записници добиено по основ на самите инспекциски надзори. Досега не се констатирани прекршувања, односно во самите решенија коишто се доставени од инспекторите нема прекршување на делот каде што градинките не го почитуваат законскиот момент за прием на деца кои немаат вакцинални картони, односно се здрави. Така што, има контроли, на терен се инспекторите, сме во постојана координација и се надевам дека ќе придонесеме да не се рашири повеќе оваа болест, нагласи техничкиот министер за труд и социјална политика.

На 15 февруари, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според него, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

- Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

Илон Маск веќе не е најбогатиот човек во светот

Џеф Безос повторно ја презеде титулата најбогат човек во светот. Сопственикот на Амазон го престигна шефот на Тесла и Спејс Икс Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг.

Нетото богатство на Безос е 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на околу 198 милијарди долари. Според индексот, Маск изгубил околу 31 милијарда долари минатата година, додека Безос добил 23 милијарди долари.

Акциите на Тесла вчера паднаа за повеќе од 7 отсто.

Маск ја врати титулата најбогат човек на светот во мај 2023 година, детронизирајќи го извршниот директор на LVMH (LVMHF), Бернард Арно, кој раководи со еден од најголемите светски конгломерати кој вклучува брендови како Луј Витон, Диор и Селин.

притисни ентер