3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
БалканВидео: Судир на бродови во Грција, товарен брод уништи воен, капетанот уапсенТоварен брод преполови воен брод во судир во Егејското море, капетанот на товарниот брод веднаш уапсен.Во судирот е уништен воениот брод „Калипсо“ , а капетанот на товарниот брод „Маерск Лаунсестон“ е уапсен по налог на обинителот на Пиреја, под сомнение дека поради невнимание го предизвикал сударот и ги прекршил меѓунароидните правила за избегнување на судари. Според наводите на Крајбрежната стража капетанот на товарниот брод е уапсен поради наводно кршење на грчкиот кривичен законик и Меѓународните прописи за спречување на судари во море, пренесе АП. Товарниот брод „Маерск Лаунсестон“ кој плови под знамето на Португалија излегувајќи од пристаништето Пиреја удрил во воениот брод Калипсо направен од фиберглас, кој веднаш се распаднал на два дела, во инцидентот се повредени две лица, пренесе АНА. Припадниците на Крајбрежната стража спречиле воениот брод да потоне, а подоцна претставници на Воената морнарица на Грција соопштија дека е невозможно бродот Калипсо да се поправи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријаваПо насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.Тагови: нелегална сеча на дрва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираатГрупацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови. Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед. Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител. На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“. За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд. „Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“. Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили. Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања. Извор: Б92Тагови: Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter