Видео: Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска дејствуваше на пожарот на отворено во атарот на село Цер, општина Кичево.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума.

ЕКОВАС: Планот за воена безбедност во Западна Африка годишно ќе чини 2,6 милијарди долари

Планот, што ќе чини 2,6 милијарди долари годишно, им беше предложен на шефовите на држави на самитот во Абуџа, Нигерија.

Министрите за одбрана на западноафриканскиот блок на државите ЕКОВАС (ECOWAS) денеска предложија план за испраќање 5.000 војници за борба против влошената криза во регионот, но аналитичарите веќе велат дека тоа можеби нема да успее поради финансиски проблеми и поделби во овој регионален блок.

Планот, што ќе чини 2,6 милијарди долари годишно, им беше предложен на шефовите на држави на самитот во Абуџа, Нигерија.

-Целта на планот, меѓу другото, е и да се спречат државни удари по серијата воени удари што го дестабилизираа регионот, изјави нигерискиот министер за одбрана Мохамед Бадару.

На денешниот самит ЕКОВАС за првпат јавно соопшти дека го планира финансирањето на своите воени сили.

-Повеќе од кога било, ние сме во клучен момент во историјата на нашата заедница во решавањето на проблемот со несигурноста, изјави претседателот на Комисијата на ЕКОВАС, Омар Алие Туреј, повикувајќи ги земјите-членки да го поддржат планот.

Се очекува нивните предлози да бидат разгледани на претстојниот самит.

Ескалацијата од воени удари во Западна и Централна Африка го дестабилизираа регионот, а Мали, Буркина Фасо и Нигер особено беа најтешко погодени од смртоносното насилство што се прошири во соседните земји.

ЕКОВАС неуспешно се обиде да ја врати демократијата во трите земји, меѓутоа досега овие земји погодени од пучот се повлекоа од членството на групата и ги отворија вратите за руските платеници./МИА

Мецола: Европејците сакаат посилна, поправедна и подобра Европа за сите

- Предизвикот сега е како тие пораки од изборите да се претворат во политичка програма, која ќе биде сериозна, испорачлива и спроведлива, истакна Мецола 

Две недели по Европските избори станува појасно дека граѓаните во следните пет години очекуваат од институциите на ЕУ да изградат посилна, поправедна и подобра Европа за сите Европејци, изјави претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното учество на Самитот на Унијата.

- Предизвикот сега е како тие пораки од изборите да се претворат во политичка програма, која ќе биде сериозна, испорачлива и спроведлива, истакна Мецола

Според неа, изборните резултати покажале дека Европејците сакаат заштита на европските вредности и безбедноста да бидат главен приоритет на ЕУ, што ќе значи продолжување на поддршката за Украина, зајакнување на капацитетите на Унијата за реакција во кризни ситуации и остварување стратешка автономија на блокот.

- Мораме Европа да ја доближиме до она што го очекуваат граѓаните и да испорачаме посилна, поправедна и подобра Европа за сите Европејци. ЕУ мора да испорачува согласно очекувањата на граѓаните. Одговорноста е на нас, ако не испорачаме, ќе зајакнуваат оние што сакаат да ја уништат ЕУ, изјави Мецола, нагласувајќи дека тоа е пораката што таа ја сфатила од изборните резултати и растот на поддршката на десничарските и евроскептичните сили.

Мецола нагласи дека Европарламентот останува цврсто посветен на процесот на избор на носителите на врвните позиции во ЕУ и дека очекува европските лидери уште вечерва да се договорат за имињата на водечките функционери, по што до неа ќе го достави предлогот за претседател на Европската комисија за да може да започне парламентарната изборна процедура. Таа најави дека доколку биде утврдена на овој Самит, кандидатот за претседател на Еврокомисијата веќе во вторник ќе биде поканет на средба со лидерите на политичките групи во ЕП со цел да се обезбеди парламентарно мнозинство за негов избор.

- Европскиот парламент е подготвен да го спроведе процесот за избор на претседател на Европската комисија без одлагање, истакна Мецола, додавајќи дека се надева оти гласањето ќе се одржи во текот на јули.

Претседателката на Европарламентот го поздрави потпишувањето на, како што го нарече, „безбедносниот пакт“ меѓу ЕУ и Украина, со кој Унијата се обврзува на безбедносни гаранции и воена, дипломатска и финансиска поддршка за земјата, како одлуките за користење на приходите од замрзнатите руски средства за помош на Киев, за 14-от пакет санкции кон Русија поради воената агресија врз Украина и за стартот на земјата на преговорите за членство во блокот.

- Со тоа испраќаме јасна порака за нашата непоколеблива поддршка за Украина и безбедносната и геополитичката важност на проширувањето, додаде Мецола.

Леао одби богата понуда, останува во Милан

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао реши да ја одбие богатата понуда на Ал Хилал според која би имал годишна заработка од  20 милиони евра . 

25-годишниот Леао моментално е на Европското првенство во Германија со репрезентацијата на Португалија, а иако беше критикуван за формата во текот на изминатата сезона.

Сепак, на 47 натпревари постигна 15 гола и 14 асистенции.

Во последно време светските спортски медиуми шпекулираат и дека Леао добил богати понуди од Саудиска Арабија, кои вклучуваат отштета за Милан вредна 100 милиони евра.

Сепак, „Кориере дело Спорт“ пишува дека Ал Хилал испратил понуда од 20 милиони евра по сезона. Но, крилниот напаѓач категорично ја одби.

Од друга страна, „росонерите“ се подготвени да ја ослободат својата ѕвезда само доколку некој од клубовите издвои 175 милиони евра, што стои во клаузулата од неговиот договор, пренесува „Спортам“.

притисни ентер