3Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
МакедонијаВидео: Снимен моментот кога започнал пожарот во кочанската дискотека, повреден и Панчо од ДНКНа социјалните мрежи се појави видео од почетокот на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.Пожарот настана за време на настапот на групата ДНК. Според досегашните информации, има 51 загинато лице. По почетокот на пожарот настанало стампедо, поради што има голем број повредени, не само со изгореници, туку и задушени. Меѓу повредените е и пејачот Владимир Блажев- Панчо, чие име се најде на списокот хоспитализирани во Клиничкиот центар. На некои од видеата се слуша како Панчо ги повикува присутните да искочат надвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизираОбилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба. Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаБиљал Касами во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори? Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен? Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо? Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ 2.0 - платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиумиДодека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна платформа - денес одеднаш излегуваат со „платформа за иднината на Мицкоски“.Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски уште во декември почна да го турка овој проект. Прво се обиде да го провлече преку СДСМ, за да создаде внатрешна поделба и да го урне рејтингот на партијата одвнатре. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Првите промотори и претставници на оваа „платформа“ беа Петре Шилегов и Јован Деспотовски - поранешни членови на СДСМ. Денес некои членови, кои на последните избори значително придонесоа за слабеење на рејтингот на партијата, отидоа на свечената церемонија на ЗНАМ 2.0. Идејата беше јасна: рушење одвнатре. Кога не помина, сега се прави лажна опозиција - сателит на Мицкоски по моделот на ЗНАМ, само нова верзија. ЗНАМ се распадна. Сега е време за нов сателит. Основата на овој нов проект треба да ја сочинуваат пропаднати стари кадри и неколкумина сегашни (не)корисни луѓе. Некои поради тендери, некои поради приватен бизнис со ВМРО. Сето ова се промовира преку медиумите од Орбановата мрежа и ВМРО. Денес медиумските сили на ВМРО се со подготвени текстови во напад на СДСМ. Главен координатор од сенка е Драган Павловиќ - Латас. Човек на српската служба уште од 90-тите години. Сè се одвива под „Chatham House“ правила - можат да зборуваат за сè, освен за тоа кој е вистинскиот газда на проектот, а тоа е Христијан Мицкоски. Еднаш народот беше измамен со ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. ЗНАМ 2.0 нема нови гласачи 2.0. Има само истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски - економска катаклизма, изолација на земјата и продажба на националните интереси заради лични и финансиски цели. Доста е повеќе со сателитите на организираната криминална група. Со оглед на тоа што на Мицкоски драстично му падна рејтингот поради неисполнетите предизборните ветувања, немањето резултат, со оглед на тоа што ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, што буџетот е под сериозен притисок, економијата е во лоша состојба, а патот кон ЕУ е целосно закочен, очекуваме да се обиде да оди на предвремени избори. Еден од елементите на таа стратегија е и ЗНАМ 2.0, со цел да се расцепкаат опозициските гласови. Граѓани, следете уште една претстава. Режисерот го знаеме, а актерите наскоро ќе ги запознаеме. Постои само една опозиција - обединета во широкиот Граѓански фронт. Еден е Фронтот за вистина и правда. Доаѓа време кога ќе се врати власта во рацете на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook