1Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
Шоу бизВидео: Што се случи кога Роби Вилијамс ја качи на сцената АнаОд сите негови обожувателки најсреќна испадна 22 годишната Ана која доби не еден туку два бакнежи од Роби Вилијамс на завчерашниот концерт во Белград.Потоа ја качи на сцената и и ја пееше песната "Candy". Кога тој слушна колку години има Ана, заклучи дека може да и биде татко! - О, ова е чудно, јас сум остарел... Но дали сум уште згоден? - ја праша заводникот младата белграѓанка. Погледнете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре. Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден. Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале. #Trieste, incendio nella notte in un magazzino al Porto Vecchio: #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, durante le operazioni di spegnimento rinvenuti 2 corpi privi di vita. Esclusa la presenza di altre persone coinvolte, intervento concluso poco dopo l’alba con le operazioni di bonifica dell’area #2novembre — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) November 2, 2026 Тагови: Трст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter