Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен
2Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен
Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
1Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
Шоу бизВидео: Што ѝ кажа Луис Хамилтон на Ким Кардашијан?Видеото „го запали интернетот“-Што ѝ рече Луис Хамилтон на Ким Кардашијан?Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан не можеше да го пропушти спектакуларниот Супербоул, каде што се појави со потенцијалното момче, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Со ова појавување, тие дополнително ги разгореа пшпекулациите кои што кружат веќе некое време, и се чини дека е сè поизвесно дека тие се нов пар на јавната сцена. За време на настапот на Бед Бани на полувремето, камерата ги фати Луис и Ким, а експерт за читање од усни се обиде да анализира што славниот шампион ѝ рекол на својата потенцијална девојка. Ова може да биде нивниот прв заеднички состанок, барем додека не го негираат тоа, а според „Дејли меил“, она што ѝ го кажал Хамилтон нема баш да им се допадне на сите. Никол Хиклинг го даде своето толкување на нивниот разговор што стана вирален на социјалните мрежи, а како што стојат работите, Ким можеби ќе биде малку разочарана. „Во еден момент тој ѝ рече: „Не носам која било девојка кај мама дома, еден ден ќе ја запознаеш и таа е многу возбудена за тоа“. Ким зачудена одговори „добро“. Набрзо ова се прошири и на социјалните мрежи, но повеќето веруваат дека тоа е измислена приказна и дека е невозможно некој да протолкува што Хамилтон ѝ рекол на Ким. Kim probably the only woman in the world who can bag any man she wants. pic.twitter.com/VU6ZtqsU3M — SLIME/TRENCH 🐐💚 (@iamRTI) February 9, 2026 „Ова е глупост“, „Тие дури и не разговараа“, „Невозможно е некој да протолкува нешто од ова видео“, „Не ме интересира што ѝ рекол, тие се ужасен пар“, им рекоа луѓето на социјалните мрежи.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота во КарпошИнспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства. За време на акцијата, дежурните инспекциските служби кои работеа во две смени, вршеа контроли на повеќе критични локации низ општината, кои во оваа ситуација ги следеа активностите поврзани со одлагањето на кабастиот отпад, како и постапките за почитување на законските надлежности. Со присуството на инспекциските служби на теренот низ општина Карпош се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување на одложениот отпад, на правните односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Оттука, во текот на месец мај и јуни беа изречени околу 30 казни за граѓаните кои не се придржувале кон пропишаните правила. Самата постапка говори за позитивниот ефект и придонесот за подобрување на фактичката состојбата со регуларното одлагање на отпадот. Во таа насока, Општина Карпош ќе продолжи со ваквите активности и во наредниот период, кои директно се насочени кон зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигена во интерес на сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активенОпштина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде финансиската поддршка изнесува до 1.000 денари. „Општина Центар сосем заслужено ја носи титулата највело општина во државата. Први почнавме со субвенционирање на алтернативниот превоз, а на барање на граѓаните, први воведовме и поддршка за купување дополнителна опрема“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Проектот „Цел Центар на точак“ е директна инвестиција во одржлива урбана мобилност, поздрави навики на граѓаните и почиста животна средина во центарот на градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
ЗдравјеЛолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестраГордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ се вклучи со свое видео-обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. - Секој ден започнува со надеж, но за многу семејства секој ден е само уште едно долго неизвесно чекање. Ја сум Гордана Лолеска, претседател на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Како активист, како човек често се прашувам: што е пострашно? Дали моментот кога ќе ја слушнеш ретката дијагноза за која што со години нема лек или оној момент кога ќе ти соопштат дека со тек на времето ќе доведе до откажување на некој витален орган. Многумина не знаат дека голем дел од пациентите со ретки болести во текот на својата борба се соочуваат со токму со оваа реалност. За нив, трансплантацијата на бубрег, црн дроб или бели дробови, е единствениот преостанат спас за живот, вели Лолеска . Нагласувајќи дека денес не говори само како активист, туку со со целото нејзино битие, со сета нејзина ранливост и сила, како мајка, како родител, чие дете се наоѓа на листата на чекање на органи и додава дека кога во семејството страда еден член, тогаш страда и целото семејство. - Тогаш секојдневието станува борба во која иднината зависи само од еден повик, од една одлука. Како родител нема поголема болка од тоа да ја гледаш немоќта пред болеста, но нема ниту поголема сила од надежта во градите. Во нашиот дом секоја секунда е борба, а секое отчукување на срцето е молитва за шанса за нов живот. Органодарителството е највисокиот чин на човечност. Тоа е одлука со која во моменти на најголема тага и загуба избирате да бидете нечиј спасител и да подарите живот токму онаму каде што надежта згаснала, порачува таа. На крај таа повторно потенцира дека едно ваше „да“ пишува нови поглавја во еден нечиј недовршен живот. Може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра. Од се срце му благодарам на Министерството за здравство што ме покани да бидам дел од оваа важна кампања. Ова е мисија за будење на нашата совест. Ве молам да не замижуваме пред туѓата болка, да зборуваме гласно, да разбереме дека хуманоста не прави поголеми луѓе. Подарете надеж. Подарете живот. Биди донор. Биди херој. Видео обраќање од Гордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook