Видео: Шокантно судење за смртта на легендарниот Марадона, неговата ќерка во солзи - Канал 5

Видео: Шокантно судење за смртта на легендарниот Марадона, неговата ќерка во солзи

Шокантно судење за смртта на легендарниот Марадона-„Вака умре Марадона“. 

Видео: Шокантно судење за смртта на легендарниот Марадона, неговата ќерка во солзи

Денеска во Буенос Аирес се одржа првото рочиште од судењето на лекарскиот тим за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Диего Марадона, каде обвинителот Патрисио Ферари предизвика голем шок кај присутните.

Обвинителот покажа фотографија од Марадона во моментот на неговата смрт, која предизвика силни емоции кај семејството и кај присутните.

Фотографијата стана вирална „Вака умре Марадона“, рече Ферари додека ја држеше фотографијата нагоре, посочувајќи дека тешката здравствена состојба на Марадона е очигледна и дека никој од обвинетите не може да тврди дека не знаел за состојбата на Марадона.

Неговите ќерки Далма и Џанина се расплакаа, а подоцна ги утеши нивната сестра Јана. Драматичната сцена беше емитувана во живо на YouTube каналот на Врховниот суд на провинцијата Буенос Аирес и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Осум лица се на обвинителна клупа, вклучително и лекари и медицински сестри кои се грижеа за Марадона во неговите последни денови. Меѓу нив е и неврохирургот Леополдо Луке, кој му бил лекар на Марадона. Пристигнувањето на медицинскиот персонал во судот во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, беше придружено со протести на луѓето кои се собраа пред зградата и извикуваа „убијци“.

Тензиите беа уште поголеми поради реакцијата на поранешната сопруга на Марадона, Вероника Оједа, која се судри со една од обвинетите, психијатарот Агустина Косачов.

Неколку часа пред судењето, ќерката на Марадона, Далма во телевизиско интервју изјавила дека бара правда и ја повторила теоријата за заговор на моќници кои сакале смрт на Диего Марадона.

- Сакаме овие луѓе да кажат кој ги вработил, кој ги плаќал, кој управувал со куќата“, рече Далма.

Во своето воведно обраќање, обвинителот Ферари истакна дека по една година истрага е изготвено цврсто обвинение без противречности, врз основа на докази. Според Ферари, постојат силни докази дека обвинетите се одговорни за смртта на Марадона за време на домашно лекување од 11 до 25 ноември 2020 година, во она што се нарекува „куќа на ужасите“. Обвинителот заклучи дека „семејството и аргентинскиот народ заслужуваат правда“. Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст поради кардиореспираторна криза во неговата резиденција во Тигре, ексклузивно предградие северно од Буенос Аирес, каде што се опоравуваше од операцијата за отстранување на хематом на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер