ЖивотВидео: Шокантни тврдење на екс американски офицери – Вонземјаните го контролираат нашето нуклеарно оружје?!!Група на поранешни офицери на американското Воздухопловство повеќе од 10 години објавуваат извештаи за НЛО, и бараат Владата на САД да ја објави „вистината“ за вонземјаните.Еден од екс офицерите тврди дека вонземјаните го исклучувале нашето нуклеарно оружје за да ја демонстрираат својата надмоќ, пренесува „Дејли стар“. Стефан Басет основачот на Истражувачката група за парадигма тврди дека неколку сведоци забележале Неидентификуван летачки објект (НЛО) како манипулираат со нашето нуклеарно оружје кое со леснотија дури и го „исклучиле“. Басет сепак истакнува дека тоа не претставувало опасност за човештвото. Поранешниот поручник на американското воздухопловство Боб Џејкобс во 2008 година во емисијата „Лари Кинг шоу“ на СНН изјавил дека НЛО ги активирал ракетните системи во 5 воздухопловни бази во различни држави, но и дека Владата на САД наводно ги прикрила овие информации. Боб Салас, поранешен капетан во американското воено воздухопловство и Боб Џемисон , екс офицер, изнеле сензационално тврдење дека за време на ракетна проба во 1967 година „сноп од светлина ги онеспособил боевите глави“ .Поради инцидентот заведен под ознаката „ Malmstrom AFB NLO“, ракетите во Монтана привремено биле неупотребливи. „Воздухопловните сили овој инцидент го истражувале тајно, верувам до 1972 година. Мислам дека тој сноп не е од земјата. Можеше да испраќа сигнали до секоја од нашите ракети посебно. Опремата за наведување и контрола била целосно онеспособена“, изјавил Салас. Според неговите зборови, надредените барале од него да потпише документ за чување на тајна во кој се обврзал дека никогаш нема да зборува за овој инцидент. Боб Џејкобс, екс офицер за инструментално опремување во американското воздухопловство. Тврди дека на видео кое го снимил во 1954 година во воздухопловната база Вандернберг јасно се гледа НЛО, но дека снимката веднаш била заплената од страна на ЦИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјатаЦената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаОсми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 годиниЌе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција. -Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов. Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот. -Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков. Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа. „Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска. По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓанитеШест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница. Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава. Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела. Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив. Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија. Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter