Видео: ПСЖ ја прегази Барселона на Ноу Камп, Ливерпул сигурен против Лајпциг - Канал 5

Видео: ПСЖ ја прегази Барселона на Ноу Камп, Ливерпул сигурен против Лајпциг

Вечер на гостинските екипи на стартот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите.

Видео: ПСЖ ја прегази Барселона на Ноу Камп, Ливерпул сигурен против Лајпциг

Европскиот вицешампион Пари Сен жермен предводен од феноменалниот Килиан Мбапе со 4-1 ја прегази Барселона како гостин на Ноу Камп, а англискиот гигант Ливерпул беше подобар од Лајпциг со 2-0.

Тимот од Париз со резулатски пресврт стигна до големиот триумф кој најверојатно е доволен за пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Домашната Барселона го отвори осминафиналето со гол на Меси од пенал во 28 минута за водство од 1-0, но потоа на сцена стапува неверојатниот напаѓач на ПСЖ Мбапе кој само 4 минути подоцна го израмни резулатот на 1-1.

Во ист стил избраниците на Покетино го започнаа и вториот дел. Мбапе со својот втор гол во 65 минута прави резулатски пресврт , ПСЖ води со 2-1, во 70 минута веќе е 3-1 за тимот од Париз, стрелец на голот е Кен. Одличната игра на Ноу Камп, Мбапе ја коплетира со гол во 85 минута за хет трик и конечни Барселона – ПСЖ 1-4.

Фуриозната контра на парижаните во 85 минута ја заврши синоќа маестралниот Килиан Мбапе ја коплетира со гол за хет трик и конечни Барселона – ПСЖ 1-4.

Нокаутираната Барселона на реваншот во Париз на 10 март ќе се обиде да го стори она што ПСЖ го направи на Ноу Камп. Каталонскиот великан во 2017 година против истиот противник но тогаш на домашен терен ја неутрализираша негативата од првиот дуел од Паркот на принцовите од 4-0, со триумф пред домашната публика од 6-1.

На вториот осминафинален натпревар синоќа англискиот шампион Ливерпул на Пушкаш Арената во Букурешт го совлада Лајпциг со 2-0 и го најави пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

По израмнетата игра во првото полувреме, Ливерпул за само 5 минути од 53 до 58 минута го реши прашањето на победникот. Прво салах го матираше голманот на Лајпциг искористувајќи ја лошата реакција на одбраната на германскиот тим. За потоа Мане по новата кардинална грешка на одбраната да ги постави конечните Лајпциг- Ливерпул 0-2.

Осминафиналните пресметки во најсилното фудбалско натпреварување на Стариот континент Лигата на шампиониѕте продолжуваат вечерва со дуелите Порто - Јувентус и Севиља - Борусија Дортмунд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер