Видео: Првата југословенска реклама од 1926 година!

Првата реклама е снимена во Белград во далечната 1926 година и трае неверојатни 7 минути и 42 секунди.

Една од првите реклами во некогашното кралство на СХС преставува реклама за паста за заби.

Иако денеска се инсистира рекламите да бидат кратки и јасни , во минатото дефинитивно било поинаку, доказ за тоа е секако оваа реклама.
Инаку во рекламата се прикажани две девојки, Наталија и Милица . Наталија е кралица на плажата и момчињата само „летаат“ околу неа, Милица пак е игнорирана од момчињата, таа не знае зошто.

Милица одлучува да побара совет од Наталија , која и открива дека тајната е во пастата за заби.

Рекламата ја режирал Јосип Новак, Милица ја игра Љубица Вељковиќ, а Наталија е Невенка Урбарова. Рекламата се прикажувала во кино салите.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија, ако сака добри односи со Западот

„Кина мора да престане да ја поддржува Русија и нејзината војна во Украина ако сака да има добри односи со Западот“, предупреди Јенс Столтенберт, генерален секретар на НАТО.

Како што пренесува порталот „Укринформ“, Столтенберг тврди дека Кина на Русија ѝ дава електроника и технологија за производство на ракети, дронови и други видови оружје.

Генералниот секретар на НАТО зборуваше во Брисел по повод дискусијата за иднината на алијансата на Самитот на младите:

„Војната во Украина покажа дека безбедноста не е регионално, туку глобално прашање. Главната земја што ѝ помага на Русија да ја продолжи својата агресија и војна против Украина во Европа е Кина. Тие се убедливо најголемиот трговски партнер на Русија. Кина ѝ дава на Русија со клучни компоненти за нејзиното оружје, микроелектрониката и напредна технологија што ѝ овозможува на Русија да произведува ракети, беспилотни летала и разни други оружја, што е клучно во војната против Украина“, рече Столтенберг.

Тој истакна дека покрај Кина, клучни партнери на Русија кои ѝ овозможуваат војна се Северна Кореја, која обезбедува муниција и оружје, и Иран, кој ја снабдува Русија со беспилотни летала:

„Затоа идејата дека можеме да ја одвоиме Азија од Европа повеќе не функционира. Ова е меѓусебно поврзано, а ние, се разбира, треба да се справиме со безбедносните предизвици што Кина ги претставува за нашата безбедност“, додаде Столтенберг.

Според него, НАТО има околу 40 партнерски земји ширум светот, додека четири од нив - Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд - се наоѓаат во индо-пацифичкиот регион. Според генералниот секретар, ова партнерство е од особено значење за НАТО.

Столтенберг нагласи дека Алијансата била и ќе остане регионален одбранбен сојуз на Северна Америка и Европа, а членот за колективна одбрана ќе се однесува на заштитата на сојузниците во Европа и Северна Америка. Во исто време, целата оваа северноатлантска област се соочува со глобални закани - во сајбер, вселенски и други домени.

„Не се работи за преместување на НАТО во Индо-Пацификот, туку за Кина и глобалните закани што ни се отвораат. Ја гледаме Кина во сајбер просторот, ги гледаме во Африка, ги гледаме на Арктикот, ги гледаме како се обидуваат да ја контролираат критичната инфраструктура во нашите земји. Значи, сето тоа е важно за нашата безбедност на многу начини“, заклучил Столтенберг.

Американски невролог со загрижувачка изјава за Ѓоковиќ: Беше погоден во витален дел од главата

Некои го напаѓаат, други го бранат и двете страни тврдат дека се во право, но факт е дека Новак Ѓоковиќ не е истиот откако му падна металното шише на глава во Рим.

На прв поглед, сè изгледаше безопасно, но познатиот американски невролог, д-р Шон Мулен, истакнува дека тоа шише исто така можело да влијае на Ѓоковиќ.

Мулен работи на Универзитетот во Илиноис и на социјалните мрежи објави:

- Неодамна го анализирав инцидентот со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ кој случајно беше погоден во главата од нешто што изгледаше како делумно полно метално шише со вода. За да го разберам физичкиот удар, користев вештачка интелигенција за да ја пресметам силата на шишето што удри во главата на Новак. Пресметките сугерираат дека шишето кое паднало од два метри со минимална почетна сила, удрило со сила од околу 79,2 Њутни, што е како куче со средна големина да скокне врз вас - рече споменатиот невролог и додаде.

- Уште поважно, од невролошка перспектива, ваквиот удар на предниот париетален лобус може да биде многу загрижувачки. Оваа област на мозокот е клучна за функциите поврзани со координацијата на движењето и обработката на сетилните информации. Почетните симптоми може да варираат од главоболки и гадење до големи когнитивни нарушувања како што се тешкотии со концентрирање и запомнување стратегија и игра. За спортист како Ѓоковиќ, чиј стил на игра се заснова на прецизност, издржливост и стратешко размислување, дури и најмалата штета може да влијае на перформансите.

Мален продолжи да објаснува.

- Во првите 24 до 48 часа по ваков инцидент, најважно е да се следат знаците на потрес на мозокот или други невролошки нарушувања. Овие симптоми може потенцијално да влијаат на неговите перформанси на тековните турнири, времето на реакција и одлучувањето под притисок. Затоа, неопходно е медицинските работници да направат проценка за да се осигураат дека нема сериозна повреда и безбедно да го упатат назад на теренот.“

притисни ентер