Видео: Порто и Борусија Д. први четвртфиналисти во Лигата на шампионите - Канал 5

Видео: Порто и Борусија Д. први четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Најеминентното  и најбогатото фудбалско натпреварување во Европа Лигата на шампионите ги доби првите четвртфиналисти.

Видео: Порто и Борусија Д. први четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Порто со човек помалку го изненади фаворизираниот Јувентус, а Борусија Дортмунд на крилата на Халанд беше подобра од Севиља.

На осминафиналниот реванш во Торино, продолженијата одлучуваа за патникот меѓу осумте најдобри во шампионската лига.

Јувентус и покрај триумфот од 3-2, резулатот по регуларните 90 минути беше идентичен како во Португалија 2-1 за домаќинот, поради правилото за гол повеќе на гостински терен, не успеа да си обезбеди пласман во елитното четвртфинале. Дисциплинираниот Порто ќе игра меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

На мечот во Торино, гостите од Португалија го најавија изненадувањето уште во 19 минита со водечкиот гол на Оливеира од пенал.

Јувентус фуриозно го отвори второто полувреме и преку синоќа феноменалниот Киеза, црно белите од Торино прават резултатски пресврт и во 63 минута водат со 2-1. Ова беше и резулатот по регуларните 90 минути. Во продолжението кое мина во многу нервозна игра на двете страни од теренот, Оливеира во 115 минута повторно го наоѓа патот до мрежата на Јуве за израмнување од 2-2 и за втор гол на Порто на гостински терен. Во 119 минута Рабио ја враќа предноста за домашниот тим, но победата од 3-2 е недоволна за пат во четвртфиналето.

На Вест Фален во Дортмунд Борусија и Севиља одиграа уште еден меч полн со голови и пресврти.

Милионерите по триумфот во Севиља од 3-2 синоќа на домашен терен одиграа реми од 2-2 што беше доволно за посакуваното четвртфинале.

Херој на Борусија повторно е гол машината од Норвешка младиот Ерлинг Халанд со два гола со кои стигна до десет постигнати голови во елитата сезонава.

Борусија поведе во 35 минута, Ројс и Халанд ја казнија грешката на одбраната на Севиља. Во 54 минута по пеналот досуден од ВАР собата Халанд погодува на вистинското место Борусија води со 2-0.

Но, гостите од Шпанија не се предадоа, туку продолжија со атаците кон голот на домаќинот. По двете замени на Лопетеги Севиља стигнува до израмнување со головите на Ен Насери во 69 и 90+6 минута. Во последните секунди малку фалеше гостинскиот тим да стигне и до продолженија.

Вечерва ќе бидат познати уште двајца патници меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Францускиот првак Пари Сен Жермен во Париз ќе го брани убедливиот триумф над Барселона од 4-1, а Ливерпул на домашен терен го пречекува Лајпциг. Англискиот шампион во првата осминафинална пресметка го доби Лајпциг со 2-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер